07.04.2022

Чингелајчето ми создава мир и ме прави среќна

Чингелајчето ми создава мир и ме прави среќна

Шетајќи се по социјалните мрежи, случајно ја запознавме Емили Ина. Жената која позади себе има оставено еден куп рачно изработени креации, кои плетено со љубов денеска китат многу домови, соби, чанти...

Емилија за себе вели дека е жена-номад, која обожава да патува насекаде низ светот. Живеела во Америка и Европа, од Јужна Англија се до медитеранот. Откако станала горда мајка на две деца, одлучила да се стационира во Македонија и да се посвети на прекрасните идеи за изработка на плетени кукли и играчки.


За дел од вас овие рачни изработки можеби се познати, но за оние кои првпат ја запознаваат Емилија, треба да се истакне дека ваквите куклиња може да ги нарачате од нејзината фејсбук страница, Mili и да Ви ги изработи според вашите желби.

Како омилени кои неодамна ги изработила, Емилија ги истакнува привезокот за чанта на тема сончоглед или голема кукла на тема сончоглед кои биле како подарок за девојче со аутизам која била пресреќна по добиениот подарок.


Емилија ни даде интересен одговор на прашањето: Кога и каде се родила идејата за вакво хоби?

Имено, таа била голем љубител на параглајдингот, но за жал била спречена да лета поради оправдани причини. Разочарана во својот дом, Емилија барала начин како да го пополни своето слободно време правејќи нешто корисно и квалитетно. Случајно гледала фотографии со хеклан накит и помислила дека тоа е тоа, ако не може да лета, тогаш ќе започне да плета, вели низ смеа.


Од тие денови кај неа се поставиле темелите за љубовта кон чингелајчето, која ја гради и негува до денес.

Како новина во работата ги додала амигурумите кои ги изработува во последната година. За времетраењето на еден процес за изработка, таа вели дека може да одземе еден ден, а може да одземе и повеќе од една недела.


Задоволна е од досегашниот интерес. Не може да се каже за што има најголема побарувачка, бидејќи интересот е ист и за куклите, мини верзиите за привезок за клуч или чанта, брошевите и слично. Најважо, како што вели таа е радоста по добиениот подарокот и честите фотографии од дечиња за кои се наменети нејзините изработки. Чувство кое не се опишува. Инстаграм: https://www.instagram.com/pinktrisity5/

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.