27.06.2024

За првпат во Македонија: Ноќевање во дрвени буриња

За првпат во Македонија: Ноќевање во дрвени буриња

Ако има нешто кое можеби треба да го резервирате уште денеска, тоа се овие уникатни дрвени буриња кои се наоѓаат во новиот еко камп на езерото Младост, во близина на Велес. По супер промотивна цена од само 35 евра за наем на цело буре за 4 лица, користење на летниот базен и сите реквизити во еко кампот!

Сместувањето можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ

Лесно достапната местоположба и локација, отворениот базен за разладување во летниот период, ресторанот и барот кои се наоѓаат во склоп на еко кампот се главната причина поради која треба да поминете еден супер викенд со вашите најблиски од семејството, пријателите, роднините или пак да уживате колегијално на некој тим билдинг.


Просторот располага со 7 буриња во кои има еден брачен и два единечни кревети. Модерно уредени со чист и среден ентериер. Нови и модерни тоалети и туш кабини, простор за дневни седенки, летниковци и уште што не.


Самиот камп има паркинг простор, камери за обезбедување, одговорно лице кое го обезбедува просторот 24/7и ресторан во кој може да уживате во вкусен појадок, ручек или вечера.


Во паркот има летниковци за дружење, а околината ви одозможува прошетка околу езерото, велосипедизам и кајакарење. Самиот камп е целосно опремен со реквизити кои дефинитивно ќе го исполнат вашиот ден со физичка активност, а на децата ќе им овозможат да уживаат во целиот простор анимирајќи се со дрвените лулашки, справи и клупи.


Самиот камп има амфитеатар идеален за логорски седенки навечер за цела група колеги, како и организирање приватни настани за вашите најблиски.

Повеќе информации, фотографии, како и опција за он-лајн резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Бобан Барбаре

    29.06.2024 15:07

    Прекрасна еко-креативна идеја и привлечна понуда за уживање во богатата природа на Македонија.

  • Aleksandra Blazevska

    28.06.2024 23:55

    Dali moze da se smestime okolu 17h-18h I koga moze sledniot den da se odjavime

  • Risto Gorgiev

    27.06.2024 23:44

    Здраво Дали може цена сега за Сабота вечер за 2 воз 2 деца (9,2) И цена за вечера и појадок. Благодарам

Прочитајте повеќе

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.

Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк

Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)