04.08.2023
Дали сте слушнале за рибникот Желевица?
Дали сте слушнале за рибникот Желевица?
До тимот на Кајак.мк пристигнаа многу препораки и пофални зборови за рибникот Желевица кој се наоѓа во село Тработивиште во Општина Делчево. Се што дознавме за овој рибник е тоа дека подготвува свежа пастрмка и крап. Може да се купи свежа и неподготвена риба, а може и да се нарача подготвена риба. За овој рибник патувачите и гурманите ни велат дека тие коишто дошле еднаш се вратиле повторно.

Рибникот се наоѓа на 2 километри од село Тработивиште на регионалниот пат Делчево-Берово. Името го добива од самата река Желевица која тече во падините на планината Влаина. За оние кои се заинтересирани да го посетат рибникот, треба да знаат дека овде има и доста приватни сместувања кои можете да ги резервирате преку базата на Кајак.мк
Повеќе информации
за точна локација и телефонски број можете да добиете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.