15.01.2021
Изнајмете вила на Пелистер со прекрасен поглед и простран двор
Изнајмете вила на Пелистер со прекрасен поглед и простран двор
Еј луѓе, Пелистер е покриен со снег. Прекрасен за посета! Важно е да напоменеме дека и жичарницата на Нижеполе ќе стапува во функција, така што е време да го посетите овој прекрасен националне парк.
Еко тимот на Кајак.мк ве запознава со вила која е идеална за млади брачни парови со деца. Нижеполе е идеално место за вашите најмали да научат да скијат, така да, искористете ги последните слободни денови од зимскиот распуст на децата.
Вилата на Кико која од денеска е дел од нашата база со приватни сместувања се наоѓа во селото Нижеполе. Ова село е на 1.100 метри надморска височина на ридско-планински терени на планината Баба. Оддалечено е 9,5 километри југозападно од Битола.
На Нижеполе се наоѓаат два ски лифта.
Во селото се наоѓаат огромен број приватни вили кои можете да ги изнајмите. Ние денеска ве запознаваме со вилата Кико, која се наоѓа на прекрасна локација, опколена со природа, а со прекрасен поглед кон врвот Пелистер. Вилата се наоѓа на 10 километри од центарот на Битола.
Во вилата има две спални соби, двокреветни простории, комплетно уредена кујна и 2 тоалети.
Вилата има капацитет за 8 до 10 лица.

| Повеќе информации за вилата, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.