24.03.2021
Карантинот ме запозна со макрамето, мојата втора опсесија
Карантинот ме запозна со макрамето, мојата втора опсесија
Пандемијата поттикна многу жени во државата да го искористат своето слободно време во карантинот и да започнат со ново хоби кое кај некои од нив поттикна љубов и им помогна да се пронајдат во нови светови. Нашиот тим ве запознава со Снежана Попова од Охрид која по професија е музички професор, а во слободно време се бави со плетење на макраме.

Снежана вели дека тешкотијата од карантинот, самото затварање дома, ограничувањето на социјалниот живот, домашните и училишните обврски кои станаа преголем терет и дале причина да бара нови начини како да се ослободи од сето ова.

Започнала да гледа креативни видеа на јутуб и веднаш се заљубила во макрамето. Првиот чекот и бил набавка на макраме конец со кој започнала да експериментира. Сега е преокупирана со ова домашен занает кој и носи дополнителен приход.

Снежана вели дека макрамето и македонскиот етно елемент би биле одличен спој доколку ги искомбинираме правилно. Макраме техниката не потекнува од македонските простори, туку доаѓа од Стариот Исток, нуди многу различни начини на изработка, а доколку се вметнат боите на македоснкиот фолклор би се добила одлична комбинација, вели Снежана.

Снежана не се сомнева дека макрамето може да пробуди интерес кај туристите. Охрид како летен туристички центар, заедно со езерото е во добра комбинација со бохо стилот. Ваквите украси би се прилагодиле совршено на летните тераси на рестраните и хотелите, како и на самите плажи.

Таа е фокусирана на промоција на нејзините производи со
цел да ги запознае сите со она што го работи. Има план да учествува на многу
престојни базари на рачни изработки, но и да има производи од секаков вид во
секое време.
Коментари
-
Biljana Miseva
27.03.2022 23:14
Preubavo ..Bi sakala da se slusneme i dogovorime pozdrav
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.