20.10.2023
Изработувам уникатен накит, љубовта кон уметноста ја стекнав од мојот татко
Изработувам уникатен накит, љубовта кон уметноста ја стекнав од мојот татко
Денеска ве
водиме во работилницта на Илина, нова локална хероина која ги отвори вратите од својот свет
за Кајак.мк. Илина ја затекнавме како изработува еден уникатен сад за кој и се
потребни 7 дена за тој да биде готов и да го краси домот на некој од нејзините клиенти.
Илина посветува време, љубов и трпение во тоа што го работи. Преку фотографиите кои ќе ги погледнете низ нашето четиво ќе заклучите дека таа има искуство да создаде разни украси и накит кои потоа ги продава преку својата страница на фејсбук.

За Кајак.мк ни се претстави како личност која ја сака уметноста, сака да спортува и да поддржува спортски настани, а веќе има волонтирано на неколку атлетски трки. Шетањето во природа го смета како опсесија, особено на есен кога можеби добива мотивации за некои нејзини идни креации.

Вели дека нејзините родители имале влијание за таа да се заљуби во уметноста. „Уште од мала мојот тато ми ја пренесуваше неговата љубов кон литературата и уметноста, па така уште во трето одделение ја знаев на памет целата „Рибарот и рипката“ од А.С. Пушкин. Мојата мајка ми шиеше фустанчиња, а јас самата, се заљубив на прв поглед во оние мали ситни монистра уште како дете“, вели таа

Почетоците во работењето ги поврзува со нижењето на мали монистра. Првите парчиња накит ги направила токму од нив, а првата техника што ја користела за поврзување на монистрите ја нашла во едно списание на својот татко со назив „Уради Сам“. Подоцна, кога и се укажала можноста започнала со изучување на филигранскиот занает во златарата „Рубин“ кое го работела долго време.

Пред околу 4 години конечно започнала да се занимава со накит и производи од кожа, украсни предмети и слично. Овој занает имала шанса да го научи од еден стар мајстор од странство, кој ја научил како да ги користи исклучиво старинските техники и целосно рачната изработка за да изготви еден производ со модерен впечаток.

Пред извесно време Илина имала среќа да потпише договор на три години со модната платформа Clothia, каде ги има направено првите продажби на накит од кожа. Како омилени на купувачите им се покажале обетките. Денеска за жал сајтот Clothia повеќе не постои, но веќе двапати годинава, неколку од парчињата накит кои ги произведува таа биле одбрани за изложби во Италија.

Времето и
трудот кои ги посветува во изработката на накит и украси се бесценети. Клиентите кои уживаат во рачно изработените дела го почитуваат трудот кој еден уметник го вложува при создавање на делото. Илина вели
дека за изработка на еден сад потребни се околу седум дена. Во процесот спаѓа
обработката на материјалот, обликувањето, штепувањето, сушењето и завршната
обработка.
За
читателите на Кајак.мк, Илина вели дека може да добијат повеќе информации на
нејзината фејсбук страница Bottega Azzurra.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)