16.10.2020

Каде е Македонија на туристичката гастромонска мапа (2)

Каде е Македонија на туристичката гастромонска мапа (2)

Светото денеска го одбележува интернационалниот ден на храната. Македонија е позната по својата добра храна.

Зошто странските туристи ја обожаваат македонската кујна? Што е тоа по кое Македонија е позната на светската туристичка гастрономска мапа. Тимот на Кајак.мк ви ги споделува сите традиционални специјалитети кои се наоѓаат на светски познатите туристички мапи. 

TasteAtlas“ е интернет стрница наменета за туристи кои пред се добри гурмани. На Taste Atlas може да се најдат сите специјалитети по кои една земја е позната. Како туристички сервер се надеваме дека многумина од вас за првпат ќе се соочат со имиња на македонски специјалитети. Со тоа што во моментот ни е забратено да патуваме надвор од државата, ние се надеваме дека ќе направите една добра туристичка обиколка на нашата земја и ќе дегустирате од се по нешто. 


Галички кашкавал- Препорачано во Галичник
Сите мајстори во Македонија за правење традиционален галички кашкавал се од село Кркља, Кривопаланечко. Така е најмалку 100 години. Процесот на правење кашкавал трае две години.Кашкавалот зрее една година, по што се пушта во продажба. Трајноста е една година, но може да се консумира до две години.

Охридска торта- Препорачана во Охрид
Од охридските слаткарници, кои подготвуваат охридска торта потврдуваат дека овој десерт убедливо е најбаран од туристите и е своевиден бренд на Охрид. Таа објаснува дека рецептот за охридската торта потекнува од традиционалната кујна на охридските домаќинки, а нејзината уникатност лежи во начинот на нејзиното подготвување.

Ширден- Препорачано во Прилеп
Ширден — македонско традиционално јадење, симбол на кулинарството во Прилеп. Во некои краеви на Македонија ова јадење се нарекува и сириштето на јагнето. Зборот ширден потекнува од истоимениот турски збор şirden, што го означува четвртиот дел од желудникот на преживарите. За прилепскиот ширден најчесто се користи внатрешниот орган на младо јагне кој претставува продолжение на желудникот. Традиционално се користат 3 вида месо (јагнешко, телешко и свинско), ориз и разни зачини. Покрената е иницијатива за брендирање на овој кулинарски специјалитет во Прилеп.

Чомлек- Препорачано во Битола
Чомлек е македонско традиционално јадење, карактеристично за кулинарството во Битола, но постои и охридски, овчарски, итн. Се смета за зимско јадење. Во Бугарија се нарекува „македонски чомлек“.Главни состојки се 1 кг телешко месо, 1,5 кг кокар или поситни главици кромид, 5 чешниња лук, суви црвени пиперки, 2 дл црвено виносол, црн бибер, доматно пире (100 грама), морков, помас (маслиново масло за готвење) или свинска маст.

Ајвар- Препорачано во Демир Капија
Ајвар е посебен вид на салата, направена од црвени пиперки. Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Македонија. Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор - пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа. Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента. 

Станушина- Препорачано во Кавадарци (Тиквешки регион)
Станушина – автохтон вид на грозје кое се одгледува само во Македонија и не е пронајдена никаде на друго место во светот. Малку позната е надвор од својата родна земја, сепак таа е погодна за производство на многу квалитетни вина и главно се одгледува во регионот Тиквеш.Воведувањето на интернационални сорти на грозје предизвикало остар пад на Станушина од видовите на лозови насади во скорешни времиња, заканувајќи се дека ќе се уништи оваа локална разновидност на грозје засекогаш. Согледувајќи го ова, локалните винарии започнале со иницијативи за повторно враќање на оваа уникатна стара македонска домашна сорта во регионот.


Охридска пастрмка- Препорачана на брегот на охридско езеро
Охридската пастрмка е ендемски вид риба на Балканот и во Европа. Таа е најблизок потомок на видовите што живееле на тоа подрачје уште од периодот на терциерот. Охридската пастрмка секогаш живее во Охридското Езеро. Денот го поминува во длабочините и на места што се доста оддалечени од брегот, а на површината на водата испливува навечер, кога лови муви. Понекогаш приоѓа до самиот брег, во плитките води, барајќи храна од подводните растенија.

Жал ви е што нема уште традиционали специјалитети на мапата на АтласТејст? Жал ни е и нам, а знаеме дека има уште многу што да се проба во државата. Но очигледно, не сме се потрудиле добро да ги испромовираме. Треба повеќе работа, нели?

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Џакузи под отворено небо во Македонија: Вила достапна на Кајак.мк

На Кајак.мк конечно можете да најдете сместување со приватно џакузи под отворено небо.

Македонија ја доби најуникатната планинска дрвена куќичка за престој

Кајак.мк е платформа која секогаш прва ги соопштува сите новитети во Македонија, и со особено задоволство објавуваме дека земјата можеби го добива едно од најуникатните планински сместувања во североисточниот дел.

Ова не е во Швајцарија — Ова е Македонија! Нов планински хотел со поглед кој освојува

Хотел Белица во Горна Белица. Нов и модерно реновиран хотел кој мора да го посетите!

Вила со базен со солена вода, џакузи и сауна во Дојран достапна на Кајак.мк

Сместувањата во Дојран добиваат силна конкуренција со појавата на нова, модерна вила која нуди врвно уживање и релаксација. Располага со базен со солена вода, џакузи и сауна – совршена комбинација за одмор и опуштање.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!

Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!

Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.