01.03.2021
Вила на Пониква за луѓето кои “мразат“ луѓе
Вила на Пониква за луѓето кои “мразат“ луѓе
Има патници кои бараат начин како да одморат глава од луѓе. Таквите барања тимот на Кајак.мк ги разбира бидејќи знаеме колку е важно патувањето во намалувањето на стресот и колку секој чека да отпатува некаде за да го искористи своето слободно време. Секој патник има своја замислена слика за тоа како сака да изгледа едно патување и на кој начин сака да одмори глава.
За луѓето кои сакаат да одморат глава од луѓе, наш совет е да ја посетат Пониква или пак Пелистер, бидејќи на овие планини ќе најдат приватни вили за изнајмување кои немаат ништо во соседството. Таква е и вила Алек која можете да ја погледнете во нашата база.
Линк од вилата можете да најдете најдоле, но пред да ја отворите, би сакле да ве известиме дека деновиве нашиот туристички сервер ќе добие уште неколку нови опции. Дел од нив ќе ви овозможат да коментирате под секој сместувачки капацитет што сте го посетиле, да споделувате фотографии во коментари, да споделувате ваши искуства и совети за одредени дестинации како и да имате преглед на повеќе „Last minute“ понуди.
| Вила Алек можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.