27.04.2020

Зошто Кајак.мк сака да и се вратиме на Италија после сето ова...

Зошто Кајак.мк сака да и се вратиме на Италија после сето ова...

Ако има земја која ќе го врати вашиот апетит за патување после сето ова што го преживуваме, тоа дефинитивно ќе биде Италија. Ова прекрасна земја, со извонредна историја и уметкички богатства, преубави пејсажи и заводлива храна.

Во изминатите 15 години ова земја е во фокусот на сите светски туристички агенции.

Причините поради кои треба да и се вратиме на Италија после сето ова се:

ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Група жени во Венеција доставуваат храна преку гондола



©Stefano_Valeri/Shutterstock

1. Релаксирано патување
Во зависност од кој предел во Италија ќе престојувате, имајте на ум дека секое предградие и секое село во Италија се навистина прекрасни. Тоскана е нешто незаменливо. Регионот Ле Марче кој е доста рурален е место каде што можете тотално да се опуштите. 

2. Историски градови
Италија е дом на едни од најпривлечните градови во светот. Рим, Фиренца и Венеција се на врвот на листите на патниците, но има уште многу да се избере. Торино, оригиналниот главен град на Италија, е вистински отвор за очи. Стилски, космополитски град полн со палати, брилијантни кафулиња и прекрасна модерна уметност.


Наполи ©Jean-Bernard Carillet/Lonely Planet

На југ пак се наоѓа Наполи. Тоа е сосема друга перспектива за разлика од Торино. Топол, гласен и хаотичен град кој ти го крева адреналинот. Класичната уметност, скулптурите и мозаиците на музејот „ Археологико Назионале“ се импресивни како целата земјата.

ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти

3. Антички богатства

Огромната бројка на античките мошти на Италија никогаш не престанува да воодушевува. Места како Помпеја и Колосеумот се само врвот на ледениот бре - низ сета земја се чини дека има „расфрлано“ делови од историјата.

Храмовите на Агриџенто и прекрасните остатоци од вилата на Адријан во Тиволи, се нешто кое ние ви го препорачуваме.


©Valeria Cantone/Shutterstock

4.Вулкани и волци

Италија е дивиот запад во Европа. Освен историјата таа има и активни вулкани. Сицилија е дом на двата најактивни вулкани во Европа. Етна е бисерот на Сицилија. Во близина на северо-источниот брег на Сицилија, малиот остров „Стромболи“, исто така, редовно еруптира, фрлајќи огнени фонтани на лава на небото. Совршено нели? 

ЧИТАЈТЕ ПОЦНА: Кога ќе може повторно да се патува во Италија?


Планината Етна ©Jonathon Stokes/Lonely Planet

5.Фестивали и локални обичаи
Италијанците се доста лојални на родниот град. Оваа длабоко вкоренета верност на италијански е позната како кампанилизмо (приврзаност кон сопствената камбанарија). Многу градови имаат свои дијалекти, а и многу градови имаат различни фестивали, како и различни кулинарски традиции.


©ROBERTO ZILLI/Shutterstock

6.Јадењето надвор
Една од најголемите радости на патувањето во Италија е романтичната вечера која може да си ја пружите. Нацијата обожава традиционална храна и вино. Во секој град  и во секое село има различни специјалитети. Овие традиционални јадења се локална гордост и многу светски гурмани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Сликите кои покажуваат како коронавирусот ги промени каналите во Венеција



20 карантински форографии од празна Италија!


Околу 90% од граѓаните би отишле на одмор доколку состојбата со коронавирусот биде ставена под контрола




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.