24.10.2020
Планината Крчин: Идеална за планинарење со лиценцирани водичи
Планината Крчин: Идеална за планинарење со лиценцирани водичи
Разгледувајќи што да ви споделиме денеска, се сетивме на Крчин. И покрај тоа што не сме биле на ова планина, апетитот да ја посетиме ни го даде Мартин Димитриевси, кој е автор на фотографијата која е на насловна. Преуба нели?
Една од поубавите планини во Македонија е дефинитивно Крчин. За тие кои немаат слушнато за неа, ова планина се наоѓа во Западна Македонија и Албанија. Таа е на некој начин продолжение на планината Дешат и е дел од големиот венец составен од Шара, Кораб, Дешат, Крчин, Стогово и Караорман. На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил кој може да се најде само на ова планина. 
На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил (Dianthus macedonicus), што може да се најде само на оваа планина.
„Планината е добро покриена со шуми. Во најголемиот дел од шумите преовладува буката, од која во голем број се забележуваат и доста стари стогодишни дрвја. Во помал број се среќаваат и борови, смреки, јасики, планински јавор и брези. Од другите видови на растенија и од оние кои даваат шумски плодови широко распространети се боровинката, малината, капината, шипинката, планинскиот чај, ајдучката трева, киселецот, а папратот во голема мера е застапен на цели ливади и предели. Од растителнојадните цицачи ги има еленот, дива свиња, срна, дивокоза. Од ѕверовите се среќаваат мечка, волк, рис, лисица. Има и повеќе видови птици“, пишуваат planinarskipateki.mk на својата интернет страница. 
ФОТОГРАФИЈАТА Е ДЕЛО НА: travel_and_discover_macedonia
На нивната страница стои дека на Дешат почиваат неколку мали леднички езера, меѓу кои најпопуларно е Локув. Ова езеро се вбројува во најниските леднички езера во Македонија, а сместено е во североисточниот дел на планината на надморска височина од 1.560 метри.
Врвот е Голем Крчин, до кој како што пишуваат planinarskipateki.mk се тргнува од село Битуше по широка патека, а потоа патеката води низ шумски предели. Во правец на сртот се наидува на карпест појас со ширина од неколку десетини метри, за чие заобиколување е потребно доста време. Понатаму откако ќе ја заминете шумата теренот е тревнат и се оди по него во правец југозапад. Откако ќе пристигнете до седлото, преку еден помал врв се искачува Голем Крчин.
Искачувањето на врвот не ви го препорачуваме без организација од страна на планинарските друштва, планинарски лиценцирани водичи кои ја владеат планината. Но, сепак, во нашите текстови има нешто што може да го направите и сами. А тоа е да го посетите село Битуше. Ова мошне интересно село според својата местоположба и развиток се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, чиј атар се издига на источната падина на планината Дешат, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Тоа е сместено во кањонскиот дел на реката Радика, од нејзината десна страна. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 954 метри. 
АВТОР НА ОВА ФОТОГРАФИЈА Е: КИРИЛ СТОИМЕНОВСКИ
Во селото Битуше според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласен е еден објект како споменик на културата и со тоа за културно наследство на Македонија, а тоа е Партизанска печатница „Гоце Делчев“ — прва илегална партизанска печатница во Македонија, која работела во периодот ноември 1942 до јуни 1943 година. Инфо: wikipedia
НАША ПРЕПОРАКА: Вила на Шапка идеална за дожд и есенска бура
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.
