10.11.2020
Како е да се кампува на Преспанско езеро на есен?
Како е да се кампува на Преспанско езеро на есен?
Деновиве имаме одлично ноемвриско сонце. Преку ден топло, а навечер веќе се чуствува зимата. Меѓутоа не смееме да отстапиме од волјата за да продолжиме со авантуристичките патувања. Денеска ќе ве запознаеме со Бети Котовчевска, која на својот инста е позната како @_betika_.
Нашиот патувачки тим, за неа би рекол, дека е девојка која знае и умее да ужива во патувањето во секој период од годината. Со Бети ќе разговараме на две теми, едната е кампување на Преспанското езеро на есен, а другата е доста интересна тема, поврзана со прашањето: Како е да се плива во студени води? За втората тема бидете подговтвени да дознаете во текот на наредните денови. 
Бети вели: Есен во Ресен, како што зборовите се бакнуваат во рима, нашата Преспа во
есен се претвора во една мала бајка преплетена со чист воздух, поле полно со
ароматични јаболки и пејсажи кои те оставаат без здив.
Во ова
време невреме, акцентот не ни сакам да го ставам на она што самите вести го
прикажуваат, едноставно сликата за мене не е таква, во мојот ден едно нешто што
не може да биде стабилно се само временските услови. Есента знае да биде
непредвидлива и баш затоа ја сакам, знаете предизвик е да носиш заштитна опрема
за минусни температури и костим за капење во исто време. 
Секој слободен миг го користам да ги
впијам последните зраци сонце пред зимата, да го гледам преспанското езеро како
спие во прегратките на златно-жолтите планини и да заборавам на урбаното
лудило.
Последно
кампував во Отешево на местото викано Черти Камен, близу нашето езеро. Утрото
беше тмурно, ветровито, а небото тешко, секој момент дождот беше неизвесен. Но
сепак дождот ни треба на сите, не е непријател, само го осигурав мојот шатор со
додатни тежини и останав цел ден. Чист воздух, топол чај, книга и пред мене
недопрена природа.
Предноста на преспанските простори е што кампингот како таков
не е многу застапен, и реткост е тука да забележите шатор. Но затоа, ќе се изнадишете чист воздух и ќе ги изнасликате пеликаните кои живеат на овие простори.
Есента личи
на нас камперите, нема мирен дух, не знаеш на што си, каде си и до кога си.
Таман ќе помислиш бура се спрема, знае да те награди со дупло виножито како мене
во текот на престојот. Черти камен е локација со недопрена природа, блиску до неа се нашиот
национален парк Галичица, Селото Стење и недопрената убавина на селото Коњско,
баш затоа е добра почетна точка за кампинг.
Наполнете
го вашиот ранец со храна и се што ви е потребно бидејќи најблиското село со
продавничка е од прилика 8 километри оддалечено од местото кое колку што е диво толку е и убаво.
За убав ден треба волја, недопрената природа е
гратис!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.