28.02.2023

Bella Casa е дестинација во Македонија која задолжително треба да ја посетите

Bella Casa е дестинација во Македонија која задолжително треба да ја посетите

Ако има дестинација која тимот на Кајак.мк ви ја препорачува да ја посетите во месец април и месец мај, тогаш тоа е селото Црвена Вода кое се наоѓа на околу еден час возење од Охрид и на 1250 метри надморска височина.

Причина поради која треба да го посетите селото е Bella Casa за која дестинација или (етно село) велиме дека ќе ви го исполни денот со доста акивности во природа и ќе ви овозможи да дегустирате вкусна домашна и традиционална храна.


Тимот на Кајак.мк разговараше со Васко, кој заедно со Кате градат еден уникатен свет кој има цел да ја сведочи реалната убавина на Македонија, нашиот мелос, храна и недопрена природа.

Денеска, Bella Casa располага со неколку сместувачки единици, односно има капацитет од 3 студиа, кои две студиа се со брачен кревет и еден единечен кревет, а третото студио располага со 4 единечни кревети. Според нашата математика, во Bella Casa можете да престојувате со цело друштво од 10 лица или со сета ваша фамилија.


Родители не размислувајте дали да ги прошетате вашите деца во природа. Тоа има ефект во одвикнувањето од социјалните мрежи! Во Bella Casa покрај одличната можност за прошетка во природа, искористување на патеките за пешачење, можете да ја посетите и фармата на убаво одгледани коњи, кокошки, кози и јариња кои се во склоп на самиот туристички комплекс.


За трагачите по гастро искуствата, Васко вели дека овде може да се најдат многу вкусни традиционални специјалитети кои ги подготвува искусен шеф на кујна. Домашната храна која се почесто недостасува на трпезите можете да се најде овде. Почнувајќи од локално ѓомлезе, питулици, како и главни јадења кои се специјалитети од јарешко, јагнешко, срнечко и свинско диво месо, а сето ова парирано со домашна ракија или домашно вино.


Дестинацијата е идеална во текот на цела година. Преку зимскиот период честопати се случува да има снежна покривка, додека пак преку летниот период гостите уживаат свежи и ниски температури. Кога во котлините владеат пеколни температури, овде може да се ужива со најмалку 10 степени.


Bella Casa од денеска е дел од нашата база на гастрономија преку која можете да резервирате престој во ресторанот, а исто така Bella Casa е дел од нашата база на приватни сместувања преку која можете да резервирате ноќевање во Црвена Вода.

За ресторанот кликнете ОВДЕ, а за сместувањето кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.