04.03.2026

Браќа Македонци го хранат Сиднеј со најдобриот македонски бурек!

Браќа Македонци го хранат Сиднеј со најдобриот македонски бурек!


Пред да започнете со читање на приказната, ве информираме дека истата е достапна на 30 јазици! Доколку сакате да ја промовирате Македонија и нејзините приказни, можете да ја споделите приказната на јазикот на земјата во која престојувате. Сите преводи се достапни со еден клик ОВДЕ.

Тимот на Кајак.мк вели дека, денес, успехот не се мери со тоа каде е локацијата и каде те одвела судбината, туку колку љубов и труд вложуваш во тоа што го работиш. Со цел да докажеме дека Македонија не завршува на своите физички граници, туку онаму кадешто има успешни Македонци кои ја вложуваат сета своја љубов во работата, ние ја создадовме новата платформа www.macedoniaabroad.com на која ги споделуваме приказните на успешните Македонци.

Една таква убава приказна која ја промовира македонската кујна, е приказната на браќата Јован и Никола Радевски кои живеат во Сиднеј, а кои ги освојуваат апетитите на своите локални купувачи кои секојдневно наминуваат во нивната бурекџилница позната како „The Burek Brothers“.


Нивната приказна започнува со идејата повторно да ја оживеат оваа стара традиција која им е аманет од семејството. Јован и Никола пораснале со мирисот на топол бурек во домот, учејќи ги тајните на подготовката од своето семејство. По години поминати во други професии, сфатиле дека најсилната врска со корените им е токму храната.

Размислувајќи како да ја отпочнат својата приказна, тие одлучуваат да отворат свој локал во еден мал кварт во Сиднеј, каде за разлика од другите места, ќе се фокусира да произведува и продава свежо подготвен и испечен бурек.


На нивната страница често споделуваат фотографии и пораки за тоа како секојдневно го подготвуваат бурекот со многу внимание и почит кон семејната традиција. За нив ова не е само бизнис, туку начин да ја пренесат културата и вкусовите од Балканот на луѓето во Австралија. Токму затоа велат дека секој бурек што го печат носи дел од нивната семејна приказна.


Покрај бурекот, на многу фотографии е присутен и нашиот познат ајвар кој за многумина од нас е одлична комбинација бурек+ајвар, зарем не?


Тие експериментирале со различни вкусови и користеле локални состојки за да создадат свежи и интересни варијанти. Луѓето што првпат го пробуваат бурекот често се изненадуваат колку е едноставен, а сепак богат со вкус. Со тек на време, многумина стануваат редовни гости. Исто така, на нивната фејсбук страница „The Burek Brothers“ може да се забележи дека многу познати македонски имиња се чести гости во нивниот локал.


Најважно за браќата е секое парче да се подготвува свежо и внимателно. Токму текстурата на тенките слоеви и топлиот фил му даваат посебен карактер. Затоа бурекот најдобро се јаде веднаш по печењето, додека сè уште крцка. Понекогаш токму наједноставните рецепти носат најголема приказна.

Ваквите инспиративни приказни не се само локален бизнис, туку и амбасадор и промотор на Македнија, бидејќи тој којшто ќе го проба вистинскиот вкус на македонските специјалитети, ќе добие желба да ја посети нашата мала, но вредна земја. Тимот на Кајак.мк им посакува многу услех!

Ве информираме дека истата е достапна на 30 јазици! Доколку сакате да ја промовирате Македонија и нејзините приказни, можете да ја споделите приказната на јазикот на земјата во која престојувате. Сите преводи се достапни со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.