07.01.2026

Божиќно изненадување: Прва етно вила во село Велмевци: Идеална за празнични собиранки

Божиќно изненадување: Прва етно вила во село Велмевци: Идеална за празнични собиранки

Дали сте слушнале за македононското село Велмевци, кое е на извонредни 1000 метри надморска височина? Доколку не сте слушнале, денеска Тимот на Кајак.мк ве води на прошетка во ова село каде покрај прошетката, вие можете да изнајмите етно вила за фамилијарен престој и уживање во сите годишни празници. Сместено во пазувите на Илинска Планина, село Велмевци нуди вистинско бегство од секојдневието, каде чистиот воздух и природниот мир се главните домаќини.

Доколку сакате да ја резервирате вилата или да дознаете повеќе информации кликнете ОВДЕ.


Селото Велмевци е вечно почивалиште на војводата Јордан Пиперка, како и на револуционерот Јосифоски Јанкула, што му дава посебна историска и духовна тежина. Ова е село идеално за активен туризам, велосипедизам и пешачење низ густи дабови и букови шуми, но и за уживање во локални специјалитети, домашна кујна и она што денес најмногу ни недостасува – едноставно, длабоко СПОКОЈ.

Доколку сакате да ја резервирате вилата или да дознаете повеќе информации кликнете ОВДЕ.


Етно вилата во Велмевци е вистинска приказна сама по себе. Уникатниот етно ентериер изработен од камен и дрво создава топла, автентична атмосфера, надополнета со комфорна и модерна опремнина за пријатен престој во сите сезони. Просторот е осмислен за фамилијарни собиранки, празнични ручеци и долги вечери покрај топлината на традиционалното греење, каде секој детал раскажува приказна за македонската традиција.


Она што дополнително ја прави вилата посебна е пространиот двор со уреден тревник, летниковци и отворен поглед кон планината. Овде утрата започнуваат со кафе во тишина, а деновите завршуваат со зајдисонце, разговори и смеа под отворено небо. Доколку барате место за Божиќ, семејни празници или едноставно бегство од градскиот метеж, етно вилата во Велмевци е дестинација што се доживува – не само што се посетува.

Доколку сакате да ја резервирате вилата или да дознаете повеќе информации кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.