19.11.2024
Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија
Битолчанецот Ѓорѓи произведува тестенини со вкусот на Македонија
Ноември е месец кога ќе прочитате многу гастро приказни на Кајак.мк. Нашата база со локални херои кои создаваат мали нешта од огромно значење во развојот на гастро туризмот ја надополнуваме со Ѓорѓи Тошев, човекот кој од професија учител со магистратура по педагошки науки, одлучува животна приказна да ја продожи во своја продавница и работилница каде ќе произведува вкусни свежи тестенини, за кои велиме дека го имаат вкусот на Македонија.

Некаде во Македонија
ги нарекуваме јуфки, некаде како кори и губи, но без разлика на нивниот локален
назив, тестенините кои и произведува Ѓорѓи имаат автентични вкусови од цела
Македонија.
Зошто е тоа така?
Продолжете да ја читате приказната за да дознаете.
Ѓорѓи вели дека низ годините менувал разни професии, работел како учител, а потоа и во невладини професии. Со минувањето на годините, се повеќе размислувал да започне со реализација на идејата за производство на тестенини.

Како мал се сеќава дека сакал да им помага на неговата мајка и баба во подготовката на битолските кори. Рецептот го научил од нив, а со тек на време добивал идеи за како да го збогати и развесели вкусот на тестенината која тој ќе ја произведе.

„Од огромна поддршка во започнувањето на еден нов бизнис во производство на тестенини беше мојата сопруга Наташа“, вели Ѓорѓи, заедно со неа направивме работилница за изработка на тестенини по рецептот од мојата баба, а сега истиот тој рецепт го надополнувам со разни вкусови во кои уживаат купувачите, додава тој.

Секој има своја мерка за домашни тестенини, така и Ѓорѓи. Тој одлучил да се задржи на рецептот на неговите претци за да се задржи вкусот на домашните тестенини. Покрај класичниот рецепт, тој додава разни вкусови во самата изработка на тестото. Ние во Кајак.мк, ваквите комбинации ги нарековме „вкусовите на Македонија“ бидејќи во неговата продавница ќе најдете тестенини со вкус на куркума, лук, црвен пипер, вргањ и блитва, нешто кое расте на наша почва.

Го запрашавме кои тестенини му се омилени, а тој без размислување ни ги потенцираше тестенините со лук, додека пак неговата сопруга ги обожава тестенините со вргањ, за кои вели дека најмногу се трошат.
Ѓорѓи вели дека
работата во производство на тестенини го исполнува. За време на викенди оди во
битолската чаршија и на пазар каде комуницира со разни луѓе и редовни муштерии кои
веќе го препознаваат по своите производи. Покрај фактот што неговиот бизнис „Паста
Делициа“ е претежно млад, Ѓорѓи вели дека досега успеал да направи среќни многу
муштерии, а особено децата кои сакаат тестенини.
Тестенините на
Ѓорѓи можете да ги нарачате преку бакалницата на Кајак.мк или со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.