28.11.2025
Ги изнесувам дечињата во природа без разлика на периодот од годината
Ги изнесувам дечињата во природа без разлика на периодот од годината
Запознајте ја Ангела Тасеска, дипломиран биолог и едукатор,
која преку работилници во природа ја отвора љубопитноста и љубовта на децата
кон природата. Нејзината приказна од
денеска е дел од Светот на Кајак.мк, свет кој промовира локални херои од
Македонија.

Тимот на Кајак.мк
континуирано ги поддржува локалните херои – луѓе кои преку посветеност,
креативност и личен труд создаваат вредност во својата заедница. Една таква
приказна е онаа на Ангела Тасеска – дипломиран биолог, едукатор и основач на
невладината организација „Биодиверзитет за сите“, која ја носи природата
таму каде што најмногу недостига – во срцата на најмладите. Со долгогодишна
работа во научни институции, музеј и национален парк, Ангела денес ја следи
својата мисија: да ги научи децата да ја сакаат, разбираат и штитат природата.

Иако нејзината професионална патека водела низ институции и
теренски истражувања, работата со деца дошла спонтано – како природен
продолжеток на нејзината љубов кон биологијата. Најпрво преку проектите во кои
учествувала, а потоа и преку личното сознание дека токму најмладите се
најмоќниот глас на промената.
„Сфатив дека ако сакаме здрава природа, треба да почнеме од
децата. Тие ја гледаат светлината таму каде што ние понекогаш ја забораваме“,
вели Ангела.
Така започнала нејзината независна мисија – креирање
работилници во природа достапни за што е можно повеќе деца, со активности
што поттикнуваат учење преку игра, движење и авантура.

За Ангела, мотивацијата има име – детската љубопитност.
Нивната искреност, нивните прашања, нивниот ентузијазам. Тие, вели, се доказ
дека еколошката едукација не смее да остане затворена само во институциите.
„Кога ќе им го дадеш вистинскиот простор, децата природно ја
сакаат природата. Мојата задача е само да го отворам тој пат.“

Работата во природа не е секогаш лесна. Времето е непредвидливо, групите се различни, а безбедноста на децата секогаш е врвен приоритет. Во секоја работилница, секој чекор е внимателно планиран и осмислен за децата да се чувствуваат слободни и безбедни. Предизвиците ги надминува со внимателна подготовка, трпение и љубов кон секое дете и активност, што се чувствува во нејзините работилници.

Ангела собира природни материјали, проверува факти,
осмислува нови игри, се консултира со колеги биолози, подготвува активности што
ќе одговараат на интересите
на секоја група.
Ниедна работилница не е иста. Секоја е мала приказна, внимателно
создадена за децата да се чувствуваат слободни, безбедни и радосни.

Најголема радост за Ангела се моментите кога ќе ги види
децата среќни и љубопитни, кога прашуваат „Кога е следната авантура?“ и целосно
се поврзуваат со природата. Да гледа како трчаат по ливадата, ја откриваат
шумата, слушаат птици и создаваат нови пријателства – тоа е наградата што ја
надминува секој труд и проект.

Децата се нејзината најголема инспирација, но поддршката
дошла и од родителите кои ја препознале вредноста на нејзината работа. Со тек
на време, кон нејзината мисија се приклучиле и институции, невладини
организации, колеги и најблиските – создавајќи мрежа што ја зајакнува секоја
нова иницијатива.

Ангела сонува за земја каде што учењето во природа ќе стане
дел од секојдневното образование, каде што децата ќе ја доживуваат природата
како вистинска училница. Во нејзината визија, секоја недела ќе има работилници
кои ќе ги отвораат сетилата и љубопитноста на децата, а посебно место ќе има и
мало едукативно катче кое секогаш ќе биде достапно за сите што сакаат да
истражуваат, да допрат и да почувствуваат.

На сите што сакаат да започнат нешто слично, Ангела им
порачува: „Започнете. Природата прави чуда, а работата со деца носи најискрена
радост. Потребни се само љубов и трпение. Промената почнува со едно дете што ќе
се вљуби во природата.“
За сите кои сакаат да дознаат повеќе за работилниците на
Ангела, повеќе информации и детали се достапни на kajak.mk или со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.