05.04.2024

Дали некогаш сте едреле на Охридско езеро?

Дали некогаш сте едреле на Охридско езеро?

Тимот на Кајак.мк е среќен што ја надополнува својата база на атракции мои можете да ги доживеете во Македонија, а тоа е едно незаборавно едрење по Охридското езеро. Денеска ве водиме на крајбрежјето на Охридското езеро, каде што се укотвени новите модерни едрилици подготвени за новите гости за престојната сезона. Можете да испратите барање за резервација на тура со еден клик ОВДЕ.


За авантуристите и патувачите кои сакаат да ги истражат скриените богатства на заводливото Охридско езеро, ние ви гарантираме дека ова е можеби и единствената можност да го истражите крајбрежјето на еден сосема поразличен начин, уживајќи во мирот, тишината и ветрето кое ќе ве движи по водите на езерото. Ерилиците се дизајнирани за мали групи од 6 лица, што ви овозможуваат инитмно и професионално искуство. Турите ги реализираат професионални инструктори и капетани, кои покрај авантурата по езерото, ќе ви раскажат и многу за историјата, културата и екологијата на регионот.


Турите со едрилици се идеални за групи пријатели, семејства или парови кои сакаат да поминат опуштен ден на вода, далеку од градската врева и метеж. На располагање се разни тури, почнувајќи од кратки двочасовни тури па се до целодневно изнајмување на едрилица.


За време на турата ќе имате можност да доживеете едно поинакво искуство со едрење, да стекнете вештини за контрола на едрилицата и да го земете кормилото во ваши раце. На самите едрилици има доволно место за опуштање и сончање, за оние кои сакаат уникатно и ексклузивно искуство, имаат можност да резервираат опција со закуски и вино.


За време на турите имате можност и за освежувачко нуркање во кристално чистите води на Охридското езеро, на локации на кои не би помислиле дека некогаш ќе можете да ги посетите. Затоа без разлика дали имате искуство, тимот на Кајак.мк ви препорачува да го искусите ова задоволство.

Повеќе информации, фотографии, како и опција за он-лајн резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.