01.07.2020

Србите може во Грција на море само преку Бугарија

Србите може во Грција на море само преку Бугарија

Граѓаните на Србија можат да влезат во Грција само од Бугарија, преку граничниот премин Кулата - Промахонас, се наведува во денешниот билтен на грчкото Министерство за надворешни работи. Грција го обнови меѓународниот сообраќај на сите аеродроми, а отворени се и пристаништата Патрас и Игуменица, пишува РС

Сите патници треба да потполнат онлајн образец (Passanger Locator Form) 48 часа пред тргнувањето за Грција, а образецот е достапен на апликацијата Visit Greece (Посетете ја Грција) и на интернет страницата travel.gov.gr.

На патници по слободен избор ќе им се прават тестови на коронавирус при влезот во земјата и ќе мора да ги следат директивите на Генералниот секретаријат за цивилна заштита.

Грција, во соработка со партнерите од ЕУ, го задржува правото да ја преиспита својата политика, врз основа на развојот на епидемиолошките податоци.

Советот на ЕУ вчера ги усвои препораките за постапно отворање на границите на ЕУ за државјани од 14 земји од 1 јули, меѓу кои се и Србија и Црна Гора.

Извор: slobodnaevropa.mk
Cover: Alex Blăjan

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.