15.04.2021

Се преселив на Маврово каде на гостите им организирам активен одмор

Се преселив на Маврово каде на гостите им организирам активен одмор

Добри туристички приказни имало и ќе има. Особено ако тие доаѓаат од сопственици на приватни сместувања кои се дел од базата на Кајак.мк

Наша цел е да ја вратиме довербата кај патниците и сопствениците, да изградиме подобро заедништво и да докажеме дека секој може да престојува- насекаде.

Денеска ќе ве запознаеме со Влатко Томовски, сопственик на „Вила Јана“ која се наоѓа на Маврово.

Влатко е човек кој се одлучил да се пензионира предвреме, да го напушти Скопје и да се пресели на Маврово. Ни раскажува дека пространството на планината, скриените убавини, снегот и природата се предизвиците кои го поттикнале да се отсели од Скопје и да започне нов живот овде.

На местото каде се наоѓала старата викендичка со две спални соби што ја изградил неговиот татко, денеска тој има доградено шест студија. На почетокот немал намера ја издава вилата, но приказната за гостопримството се проширила, а со тоа и повиците од туристите кои барале да поминат некој ден на Маврово.

Денеска тој има своја мисија, а тоа е да ги запознае гостите со регионот на начинот на кој тој го познава. Вели дека иако ова место е познато по скијачкиот центар, сепак за него Маврово е подеднакво убав на пролет, лето и есен.

За да ја постигне таа цел, ја опремемува својата вила со велосипеди, кајаци и SUP даски. Вели дека секој гостин во вилата може еднаш да ги искористи бесплатно, бидејќи само на тој начин ќе може вистински да го почувствува регионот и придобивките од активниот туризам.

Влатко вели дека не е проблем да им овозможите на гостите да возат велосипед покрај езерото или пак да уживаат во кајак или на SUP даска. Многу е важно на тие луѓе да им се обезбедат соодветните инструкции и опрема.

Како искусен кајакар, практично ги запознава гостите со начинот на управување на кајакот или SUP даската. Детално ги запознава со езерото и им дели совети за тоа кои места се добри да се посетат.

За планинските велосипеди, пред се сака да ги процени гостите за тоа колку се искусни во возење, а потоа да им предложи патеки по кои ќе може да уживаат. Засега има на располагање десеттина велосипеди, 5 кајаци и 3 СУП даски со комплетни елеци, а вели дека постојано ќе се надоградува.

Влатко советува дека секоја планина носи свои предноси и опасности. Од тие причини тој се одлучил на своите гости и на сите други заинтересирани да им пружи еден вид на скратена обука и запознавање со ризиците и задоволствата што ги нуди активниот туризам.

Ни престојат пролетни и летни месеци со многу сонце и зеленила. Маврово е одлично место за да ја преселите вашата канцеларија во природа.

Дали можеби сакате да резервирате престој во вилата Јана? Тогаш запознајте се со повеќе информации со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.