11.11.2022
Вила на Беровско езеро опколена со природа
Вила на Беровско езеро опколена со природа
Денеска во базата на Кајак.мк се приклучува 380-то сместување! За само неколку дена ќе заокружиме вкупно 400 сместувања, а тоа нам не прави радосни бидејќи веќе можеме да се пофалиме со добра бројка на уникатни објекти кои може да ви го променат вашето секојдневие.
Тимот на Кајак.мк
во моментов работи на усовршување на платформата, што значи дека отсега ќе може
да се јавите на домаќините со само еден клик кај самото сместување, а тоа ќе ја
олесни процедурата на барање и изнајмување сместувања.
Вила Марија која денеска ќе ја запознаете се наоѓа во прекрасна околина, опкружена со многу шума и тишина. Вилата располага со 3 апартмани и едно студио, што значи дека е идеална за цело друштво или фамилија.
Вилата располага
и со надворешна куња со скара, фурна и простор за 15 лица.
Уникатен момент е каминот кој ја загрева вилата. Дневниот престој е со камин кој го храни парното греење низ цела вила. Замислете си како надвор вее снегче, а вие со вашето друштво уживате во добар муабет покрај каминот.
Додајте ја на
вашата листа, вила Марија за задолжителна посета.
Повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?
Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река
Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?
Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа
Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.