24.07.2021
Престојувајте во ова планинска куќа чија дестинација е предизвик за истражување
Престојувајте во ова планинска куќа чија дестинација е предизвик за истражување
Многумина од вас
се уште не слушнале за село Вирово, а тимот на Кајак.мк може да се пофали дека
веќе има и уникатно сместување на платформата.
За љубопитнити авантуристи кои со нетрпение чакаат да објавиме ново скривалиште за да се засолнат, сакаме да им дадеме повеќе информации за ова селце.

Вирово, се наоѓа
во општината Демир Хисар, а она по што се издвојува селото е надморската височина,
каде на 840 метри надморска висина се наоѓа ова
уникатна куќа. Селото е населено од многу одамна, уште од
римскиот период, а денеска во него живеат
Македонци од православна вероисповед. За време на Илинденското
востание, вировската чета била задолжена непосредно за заштита на востаничкиот
штаб на чело со Даме Груев и во
тој период низ Плакенска Планина се движеле Даме
Груев и Никола Карев.
Што драги патувачи, тимот на Кајак.мк ви препорачува да ги посетите патеките по кои минувале овие револуционери.

Вратите од домот
ни ги отвори домаќинката Снежана која е позитивна и комуникативна личност, а
која сака да го развива туризмот во регионот на еден поразличен начин. Она што
го прави поинакво нејзиното сместување е фактот дека овде гостите покрај
сместувањето, може да купат и локални
производи кои ги произведува
локалното население, како што се сирење, урда, млеко, јајца, овошје, зеленчук,
лешници, чаеви, џемови, ликери како и
кантарион.
Домот на Снежана има дворше, за кое како што вели таа е мало но симпатично. Има соседство, но населбата не е густо населена. Честопати може да се забележи коњот на соседите како се служи со вода од потоците.

За домаќините најважно од се е гостите да го искористат слободното време со активности во природа. Затоа како совет до сите оние кои ќе се решат да престојуваат во нивниот дом ги потенцираат прошетките низ планината, пеш или со џип. Недалеку од нивниот дом има туристички локалитет наречен „Еврејка“ каде има дрвена масичка, клупи за седење, скара и фурна, а доколку продолжат понатаму ќе стигнат и до самиот врв кој е на 1990 метри надморска височина, а од каде се гледаат Охридското и Преспанско езеро.

Патувањето со џип
може да го резервираат од кај самите сопственици, а кое за едно до три лица чини 2000 денари или
за 4 до 6 лица кошта 3000 денари.
Што се однесува
до пошироката околина, наш совет е да ги посетите и селата Слоештица каде има
ресторан, селото Слепче каде исто така има ресторан и женски манастир со монахињи,
библиотеката во село Бабино и други знаменитости.
Сигурно сте
заинтересирани за повеќе информации од сместувањето, цени, фотографии и контакт
за резервација? Доколку сакате повеќе инфо кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.