05.12.2022

Дрвените планински куќарки на Китка: Зимски предизвик за сите авантуристи

Дрвените планински куќарки на Китка: Зимски предизвик за сите авантуристи

Како што ви ветивме, месец декември ќе го посветиме на планинарските домови ширум Македонија, како би им дале поголемо значење. Нашата намера која сакаме да ја постигнеме преку ова е да ги мотивираме младите и нови генерации да се приклучат во планинарските светови и да го уживаат природното богатство кое ни го нуди Македонија!


Денеска ве информираме дека, ново уникатно сместување кое го додаваме во базата на Кајак.мк, се уникатните дрвени куќарки на Китка кои се непосредно до планинарскиот дом „Китка“.

За оние кои досега не слушнале повеќе информации планината Китка, нека продолжат со читање на четивото, а оние кои пак сакаат дирекно да погледнат за какво сместување станува збор, може да кликнат ОВДЕ.


Китна е планина која се наоѓа југоисточно од Скопје, во бујниот предел на Караџица. Ова е еден од најголемите македонски планински масиви познат како Мокра Планина.

Врвот китна има 1569 метри. Богат шумски фонд, прекрасни листопадни дрвја како бука, даб, јасика), како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија.


За љубителите на планинските искачувања и прошетки, оваа планина има разни маркици и едукативни табли поставени на разни локации. Овде се наоѓаат повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која води кон Солунска Глава.


Планинските куќи можете да ги посетите пеш или со џипови. Треба да имате до знаење дека обични автомобили не може да се искачат до сместувањето.

Доколку сакате повеќе информации, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • marjan

    05.12.2022 12:53

    Zdravo za golemata vikendica dali e slobodno 30 31 i 1 za 3 nokevanja i dali e dobro toplo posto sme so mali decinja od 1 i 3 godinki

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.