03.11.2023

Штета е да појдете во Пехчево, а да не го посетите ресторанот со најдобра локална храна

Штета е да појдете во Пехчево, а да не го посетите ресторанот со најдобра локална храна

Во Пехчево има една гастро дестинација која дефинитивно треба да биде на вашата листа за посети. Тимот на Кајак.мк ве советува да го посетите ресторанот „Тропик“ којшто се наоѓа во самиот центар на градот.


Нема ништо подобро од кујната на ова локално ресторанче во кои се служат разни локални специјалитети, скара, а за гостите кои сакаат да се опуштат со чаша повеќе црвено вино, а притоа да не треба да возат назад, имајте предвид дека самиот објект има и сместувачки капацитет.


Овде можете да пробате многу локални специјалитети, а ние ви ги издвојуваме овчото сирење од село Негрево или за домашната јавност познато како „Беровско сирење“, исто така овде се и питите, баничките, разните локални макала и вкусните месни специјалитети во фурна.

Имаме уште многу што да пишуваме за ресторанот, но дефинитивно најдобрата приказна ќе ја слушнете доколку го посетите самото место. Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.