31.03.2021

Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Развиваме патувања преку рурален туризам

Не сме од оние млади кои го напуштиле селото: Развиваме патувања преку рурален туризам

Еј, погледнете надвор, пролет е! Време е да се истегнеме и да ги облечеме патикитe на нозе и ставиме ранецот на грб. Наскоро ќе ги пролжиме зелените патувања низ Македонија, Албанија, Грција (се надеваме), Туриција, Црна Гора, Србија...

Додека сме се уште во Македонија, сакаме да ви ја прераскажеме еко приказната за „Домаќинска куќа- Пирустија“ на „Пирустија Недановски“. Ова семејна камена куќа се наоѓа во селото Рамне, Охрид.

Сместена во селото веднаш до најголемата чешма со поглед кон Охридско Езеро. Сопствениците на „Пирустија Недановски“ велат дека не се од оние млади луѓе кои ја напуштиле селската куќа. Напротив, тие вложиле во нејзина реставрација и доградба, каде си создале катче за уживање.

Она што е интересно за нив е дека во нивниот двор
 не уживаат сами. Тука се роднините и пријателите, колегите и познаниците. Секој викенд е исполнет со многу луѓе, дружба и секако квалитетна храна.

Најчесто се подготвуваат: Комат, кошмишпите, питулици, ѓомлезе, па и леб и сето тоа се подговтвува на традиционален начин, под сач (вршник).
(foto: genuinexperiences)

По препорака на нивни блиски луѓе, се вклучуваат во обуки за рурален туризам. Спонтано се родила идеја дека овој концепт може да го нудат на луѓе кои би сакале да ја слушнат приказната која значи чувување на традицијата. Селото е на само 3,5 км. од градот, на 960 метри надморска височина, па затоа е одлична за луѓе кои обожаваат пешачење и велосипедисти. До куќата може да се пристигне и со автомобил.








Во програмата не се изоставуваат освежителните пијалоци како компоти од праски, сливи, вишни или праски, сок од дренки или планински чај.



Кога сме веќе кај најмалите, убаво е да се спомне дека во Рамне има двор со мини фарма каде децата може да погалат куче, пиле, кокошка, прасе, зајче, патка, потполошка... да брцнат рака во кокошарникот и да си земат јајце, да откорнат морков и да нахранат зајак.


Ова приказна може да ја најдете на фејсбук
 под „Пирустија Неданоски“, со лого на пирустија, која е триножно железно столче на кое лежи сачот (вршникот).

Тие се дел од платформата #genuinexperiences.

Остави Коментар

Коментари

  • Ваня Овчарова

    16.04.2021 08:33

    Много хубава идея! Браво!

  • Виолета

    31.03.2021 18:26

    Одлично. Продолжете така

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.