05.03.2021

Ја продлживме приказната на дедо и тато: Охридските бисери се нашата традиција

Ја продлживме приказната на дедо и тато: Охридските бисери се нашата традиција

Како што и претодно ве информиравме, тимот на Кајак.мк месец март ќе го посвети на жените во Македонија кои прават мали работи со огрмно значење во развојот на домашниот туризам. Денеска нашиот патувачки караван е во Охрид, каде ја пишуваме приказната на Марија Филева, чија фамилја стои позади уникатните охридски бисери кои красат многу жени ширум светот.


Марија вели дека изработката на охридскиот бисер е фамилијарен бизнис и традиција која денеска ја оддржува во живот заедно со својот брат Димитрија, а кои се четврта генерација мајстори кои ја продолжуваат приказната.


Скоро петта година по ред работат во создавањето на модерни парчиња накит на кои стои охридскиот бисер. Тие изработуваат разни видови накит или со еден збор сетоа она што ја сочинува Македонија од областана на накитот како занаетчиска дејност.


За изработка на охридските бисери се користат крлушките на рибата „Плашица“ која ја има во прекрасното Охридско Езеро и со посебна технологија за која Марија вели дека е фамилијарна тајна ги обработуваат рибите се до посакуваниот финален резултат.


Странските туристи се воодушевени од накитот, од богатата палета на производи и дизајни кои им се нудат. Се восхитуваат од нивната желба да ја продолжат ова богата традиција.

Она што ги прави уникатни е примената на традиционални техники како што е филигранството.

Покрај нивната работа, странските туристи се воодушевени од ентериерот на целиот простор. Уникатниот ентериер дополнително им ја раскажува приказната за она што тие денеска го работат. Во дуќанот е застапен орев и дрворезба, преку кое сакаат да ја покажат богатата традиција во секое поле како народ, град и држава.


Во нивната фамилија нема полова нееднаквост и не важат стереотипите дека занаетот се пренесува исклучиво на машките деца. Во нивната работилница занаетото го учеле сите деца од нивниот татко Павел. Нивниот татко пак, занаетот го изучувал од својот татко Михаил и така во еден генерациски континуитет од колено на колено.


Марија вели дека бисерот е нивната традиција, а покрај тоа и филигранството кое го воведува нивниот татко. Додава дека доволно добро се трудат да го промовираат Охрид и бисерот на езерото. Таа смета дека веќе многу земји се добро запознаени со бисерот, а доказ за тоа се нарачките кои им пристигнувале од секаде низ светот.


Ова укажува на фактот дека во Македонија се уште има луѓе кои знаат да го ценат тоа што е традиционално. Ова е нешто со кое македонците може да се гордеат во светот.


Нивните производи можете да ги најдете на фејсбук страницата со еден клик ОВДЕ.

Доаѓа 8-ми Март, жени, мајки, девојки... Која е вашата приказна? Раскажете ја на [email protected]

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.