16.10.2023

Дали сте го посетиле ресторанот Парк Панорама?

Дали сте го посетиле ресторанот Парк Панорама?

Во базата на Гастрономија од денеска има уште една предлог викенд дестинација, која на жителите на Македонска Каменица и Делчево им е доста добро позната, но за останатите кои редовно читате Кајак.мк ова можеби ќе биде вашата следна дестинација за викенд патување.


Самиот ресторан е опколен со прекрасна природа, се наоѓа на преубава локација, а исто така нуди и сместување. Затоа овие три фактори можеби се клучни да ве натерат да појдете во пределот на Батковата Чешма и да го посетите ресторанот Парк Панорама. Овој ресторан се наоѓа помеѓу Македонска Каменица и Делчево и е изграден до самото течение на реката Брегалница. Има прекрасна пространа зелена површина, а во текот на летниот период и сезонски базен кој е атракција за локалното население.


Овде може да се вкусат локални специјалитети, скара, а може да резервирате и ноќевање.

Точната локација, како и контакт за информации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.