14.03.2025

Баба Благица ни пренесе занает кој денес ни ја полни душата

Баба Благица ни пренесе занает кој денес ни ја полни душата

На Кајак.мк ќе најдете илијадници локални мештани кои се дирекно или индирекно вклучени во промоција на туризмот во Македонија. Нашиот тим постојано вели дека сѐ додека постоиме, сѐ дотогаш ќе промовираме луѓе кои вредат за домашниот туризам. Денес ќе ви ја раскажеме приказната на Сара и Дамјан, за кои веруваме дека дел од вас веќе слушнале, но се надеваме дека ќе успееме да допреме и до нови потенцијални подржувачи на нивната животна пасија.


Сара и Дамјан го научиле занаетот од бабата на Дамјан, како што тие си ја нарекуваат баба Благица. Со развојот на нивната приказна, одлулуваат да отворат сопствена работилница и продавница во срцето на Скопје, каде ќе може да ги истакнат рачно изработените ткаенини и народни носии преку кои го промовираат и оддржуваат македонскиот мелос.

Концептот на приказните на Кајак.мк е поразличен од класичните медиуми, бидејќи секогаш потенцираме начини преку кои Вие кои во моментот го читате четивото ќе може да им дадете поддршка на Сара и Дамјан.


Кајак.мк е платформа која најчесто ја посетуваат туристички агенции за дојдовен туризам, што значи дека во нивните програми и обиколки на Скопје, „и-те-како“ може да се вклучи ова работилница. Покрај агенциите, Кајак.мк е платформа која е посетена од бизнис заедницата, што дава можност за купување и подарување производи на вработените или соработниците, што отвора дирекна финансиска поддршка.

Што се однесува до останатите, би ви потенцирале дека посетата и искуството кои може да ви го организираат Сара и Дамјан во работилницата, како што е презентацијата и едукацијата на народните носии, кратката обука за изработка, како и можноста да облечете народна носија и да се фотографирате со истата, може да биде вистински подарок за вас и вашите најблиски.

Работилницата од денеска е дел од базата на атракции на Кајак.мк и истата можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.


А сега... во продолжение, би сакале да ви ја раскажеме приказната во кратки црти за нашите нови локални херои, што придонесуваат за промоција и развој на туризмот.

Дамјан вели дека пасијата кон етно облеката и приказните поврзани со македонскиот мелос и традиција, ја стекнале од баба Благица, која им ја пренела кога имале 15 години. Оттогаш па наваму, тие се надоградувале и изучувале нови вешини, за денеска да бидат способни да изработат повеќе елементи од традиционалната носија.


Дамјан заедно со Сара умеат да ткаат на разбој, а во нивното етно катче кое се наоѓа веднаш до театарот за деца и младинци, може да се најдат многу ткаени појаси, скутини, материјали за елеци, ќустеци од монистра и алки кои се изработени од нив.


При вашата прва посета на ова домаќински уредената просторија, ќе затекнете две млади лица како седат на два разбои и ткаат делови од народни носии.


Нивното катче е поделено на два дела, односно еден дел каде што се ткае, а другиот дел е салон во кој се изложени народни носии облечени на кукли, а кои се на достапни за продажба.

Она што можеби ние од Кајак.мк сакаме да ви го потенцираме е фактот дека секој кој е заинтересиран може да ја посети работилницата, да облече народна носија и да се фотографира во истата. За ваквата услуга Дамјан вели дека се наплаќа една скромна сума.

Доколку сакате да испратите барање за организирање обука или изучување на занаетот, можете да го сторите тоа со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.