28.08.2021

Готвам на македонските планини, а здравата храна ми е животен приоритет

Готвам на македонските планини, а здравата храна ми е животен приоритет

Во текот на летото ве запознавме со многу ентузијасти, луѓе кои веруваат во себе и се заљубени во своето животно хоби. Тие луѓе ние ги нарекуваме локални херои, бидејќи работите кои ги прават ги прават со љубов, а нашиот тим верува дека сето ова еден ден ќе им се врати како добар бенефит.


Македонија има млади луѓе кои се странсо заљубени во активниот туризам. Што би рекол тимот на Кајак.мк една од вистинските гранки кои треба да поинтензивно да се развиваат.

Луѓето кои се редовни планинари, со сигурност ќе се согласат дека на планина не може да сретнете луѓе полни со негативна енергија. Туку напротив, на планина може да сретнете исклучиво луѓе кои го уживаат животот и го прифатиле фактот дека годините кога не држат нозете брзо се трошат.


На југот од Македонија ние го запознавме Џоко Ризов. Човекот кој го живее Кожуф, на доста поразличен начин. За Кајак.мк вели дека велосипедот, планината и здравата храна се трите работи кои го оддржуваат во живот.

Она поради кое Кајак.мк пишува за Ризов, се уникатни видеозаписи на кои може да погледнете како подготвува домашна здрава храна на уникатен планински начин.


За себе вели дека е екологист и дека најважно од се е да ја чува и оддржува природата. Честопати собирал отпадок низ планината, а знае и да сподели искуства во врска со еколошката свест.


Џоко додава дека претежно подготвува храна богата со месо. Месото го пече на природни карпести камења кои ги наоѓа во околината каде што престојува. За оган користи суви остатоци од дрво. Според него, она што е суво не може да му се врати животот, но важно е да не му се уништува животот на она што се уште живее.


Денес има 28 години, а планината го привлекла кога започнал со кампинг авантурите. Во моментот за себе вели дека е активен велосипедист, обожава планински велосипедизам, пешачење и собирање шумски плодови. За него секој ден му дава нова амбиција и преку фотографиите и видеата кои ги споделува на својот профил се надева дека ќе мотивира уште многу млади да го направат првиот чекор на планина.


Предноста од планината вели дека е свежиот воздух, мирот, природата и адреналинот. Инспирација да ја посетува планината му дава начинот на кој готви, за кој вели дека е гастрономија за опстанок на планина.


Додава дека не е професионален готвач, но многумина кои ги пробале неговите специјалитети останале воодушевени од вкусот. Сака да готви здрава храна, а како неизбежен дел е месото.

Ризов има желба да ги искачи највисоките врвови во Македонија со својот велосипед, а другите планови ќе дојдат со тек на време.

Дел од неговите видеозаписи можете да ги погледнете на неговиот профил или со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“

„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.

Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима

Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.

Пониква го доби најуникатното сместување досега!

Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк

Зимски активности во Македонија

Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.

Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија

Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.

Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово

Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.