29.11.2021
Посетете го село Ореше: Идеална област за активен одмор
Посетете го село Ореше: Идеална област за активен одмор
Додека на
високите предели од Македонија си вее снег, на пониските предели низ државата
се уште имаме можност за активно пешачење низ есенската идила.
Дестинација која тимот на Кајак.мк ви ја препорачува, а која ќе ви помогне да заборавите на есенскиот стрес, а воедно да ги наполните батериите е село Ореше. За ова село ни раскажува нашиот Марко Џамбазоски, чии патувачки приказни честопати знаат да бидат вистинскиот водич за активен викенд, а кој преферираме да го следиме на неговиот инста профил @markodzambazoski

Марко: Селото Ореше е крајната точка до која нѐ одведе асфалтираниот пат во областа Азот. Веднаш по пристигнувањето, здогледавме една голема група на луѓе, пред една стара куќа, собрани околу казанот во кој се вареше ракија. Забележаа дека сме посетители, а не нивни соселани кои доцнат на оваа нивна свеченост, па веднаш ни пристапија и поразговараа со нас. И како што е редот, нѐ упатија кон сѐ што треба да видиме во нивното село, а секако, не изостана и Орешкиот водопад, по кој всушност и бевме тргнати. Уште од самиот почеток на патеката која води до него царуваат есенската идила и живописната природа, кои му даваат посебен шарм на пешачењето, а едно од најубавите чувства е кога за првпат ќе го наслушаш звукот на водопадот и кога природата ќе те почести со една ваква прекрасна глетка.

За оние кои се
уште немаат слушнато за Ореше, еве неколку општи информации за него:
Ова село се наоѓа во централниот дел на Р. Македонија, поточно во Оштина Чашка. Надморската височина на селото е 850 метри благодарение на напланината Даутица. Ова село е населено од мијачки родови кои кон крајот на XVII и почетокот на VXIII дошле од мијачките села од Западна Македонија.

Она кое го прави
ова село да биде уникатно е архитектурата и секако добрата географска
местоположба која изобилува со голем број природни ресурси и претставува
идеална дестинација за љубителите на активниот туризам.
Доколку се одлучите
да го посетите ова село, имајте предвид дека овде се наоѓаат црквите Св.
Богородитца и Св. Петка, а високо во планината се наоѓа манастирскиот комплекс Св.
Ѓорѓија.
Следејќи го течението
на Орешка река ќе стигнете до местото наречено Ѓаолова воденица каде преку патеката
која е заробена во густа шума ќе стигнете до прекрасниот водопад кој со својата
бучност предизвикува восхит.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија
Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.
Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk
Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.
5 скриени села во Македонија каде времето застанало
Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата
7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница
Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.
10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите
Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.