31.03.2020
Диви кози навалија во град во Велс за време на пандемијата!
Диви кози навалија во град во Велс за време на пандемијата!
Ландудно, Велс (Ројтерс) - Стадо од кози од Кашмир го „нападнале“ велското приморско одморалиште откако земјата прогласи вонредна состојба со изолација на граѓаните, а со тоа ги остави празни улиците.

dailypost.co.uk
Животните кои нормално се движат до блиското крајбрежје на отвореното ирско море, овој пат се решиле да се почастат со храна од Ландудно, градот кој изминатите три дена е нивната трпеза со градинарска жива ограда и цвеќиња.
Како и другите земји погодени од глобалната криза со коронавирус, Велика Британија воведе строги мерки за социјално дистанцирање, вклучувајќи затворање на продавници и училишта, а властите бараат сите да останат дома, освен за најнеопходните работи да се напушта домот.
Со тоа улиците на Ландудно се мирни без никакви движења, а тоа на дивите животни им овозможува слобода на движење.
Градскиот советник Керол Марруби изјави дека козите вообичаено не доаѓале во градот, но во оваа пригода таа изјави дека веројатно сфатиле дека нешто е невообичаено за градот да е толку тивок и мирен, па се решиле да влезат.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.