14.11.2020
Вила идеална за на зима: Спирко ја загрева секогаш пред да пристигнат гостите
Вила идеална за на зима: Спирко ја загрева секогаш пред да пристигнат гостите

@Vrzalski
Нашиот тим во наредниот период ќе ве запознае со многу вили кои можете приватно да ги резервирате, а кои се достапни за сечиј џеб. Денеска ве запознаваме со вила Алек која се наоѓа на главниот пат кон Пониква на 1300 метри надморска височина.

Викендицата е на 2 спрата, располага со 3 спални соби, во двете спални соби кои се на спратот, секоја располага со брачен кревет и еден помошен. Третата спална е со два поединечни кревети. Капацитет на сместување од 10 до 12 лица. Ова вила е идеална за семејно уживање и за луѓе кои сакаат изолација.

Нашиот тим ја препорачува за младите брачни парови кои имаат деца почетници или без искуство во скиење, а сакаат да го научат овој спорт. Пониква има три ски лифта и терени идеални за почетници. Затоа не размислувајте да го одведете вашето дете на Пониква. Ние како тим ви би се радувале доколку ги поттикнете вашите деца да научат да скијат, отколку пак да се на телефоните по цел ден.

Вилата располага со два тоалети/купатила, две дневни соби со петосед кој е на развлекување и може да се користи и за спиење. Вилата има сопствено парно греење на дрва.

| Повеќе информации и фотографии од вилата и како да ја резервирате може да најдете со еден клик ОВДЕ. |
Што се однесува до стазите:
Стазата 1 е наменета за почетници и е во групата на кратко лесни патеки. Должината на стазата е 300 метри и целата патека е осветлена со рефлектори, секогаш спремна за ноќно скијање.

Стаза 3 е наменета за понапредни скијачи и се вбројува во групата на средно/тешки патеки. Таа е долга 700 метри, а првите 200 метри се доста стрмни и тешко ги совладуваат не толку искусните скијачи. На лифтот има 24 дупли сидра и за 2минути и 30секунди пренесува 48 луге до врвот на патеката.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.