15.07.2021
Во Македонија има ранч со базен кој нуди хипотерапија со коњи
Во Македонија има ранч со базен кој нуди хипотерапија со коњи
Еј друштво, дали се сеќавате на нашата приказна со Марија Дуда? Девојката која се врати од САД се со цел да отвори свој ранч во Македонија и да му понуди на македонскиот туризам нешто ново и иновативно? Доколку се уште не сте ја прочитале, тоа ќе може да го направите со еден клик ОВДЕ.

Денеска сме среќни што нејзиниот ранч кој е прв Green Comfort Center за терапија со животни во Македонија е дел од базата на Кајак.мк. Она што не прави уште посреќни е фактот дека сместувањето на рачот е пет-френдли, уникатно дизајниран и исполнет со позитивна енергија. Како јаготка на шлагот е базенот кој е изграден во дворот, а кој може да го користат гостите.

Марија вели дека на Македонија и беше недостасуваше ваква понуда. Хипотерапијата со коњи е нешто кое му е потребно на секој поединец, а најмногу на луѓето кои имаат здравствени проблеми.

Енергијата која ја имаат коњите е нешто незаменливо, вели Марија. Од тие причини заедно со сопругот се одлучивме да го изградиме ранчот „The Countryside“ кој се наоѓа во општина Ранковце, на 20 километри пред Крива Паланка, додава таа.

Целта од
престојот на ранчот е да им овозможи на гостите терапија со коњи, да ги направи
среќни сите деца кои имаат потреба да ја почуствуваат енергијата на коњите и да
дегустираат здрава веганска храна.
Според Марија, ова е одлично место и за тим билдинг настани и практикување јога за која цел таа има сертификат од Ashram во Индија.

Регионот во кој
се наоѓа ранчот е идеален за планинарење, посета на Св. Јоаким Осоговски кој е
на 25 километри, Камени кули кои се на 13 километри, а покрај коњите, ранчот
располага и со велосипеди и крос мотор.
Како што велат
домаќините на ранчот, дозволен е влез на домашни миленици, бидејќи тие не
прават посреќни.
Доколку сакате да
погледнете повеќе информации, фотографии и контакт за резервација кликнете
ОВДЕ.
Коментари
-
Biljana Petrovska
23.07.2022 12:15
broj na telefon za da se zakazhe hipoterapija za 5 god. dete koe nezbori
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.