02.07.2020
Интервју со Марко Џамбазоски: Сакам да откривам нови убави места во Македонија.
Интервју со Марко Џамбазоски: Сакам да откривам нови убави места во Македонија.
Марко Џамбазоски e слободен уметник, режисер, монтажер, актер и
автор во видео скечевите на „Флека“ и рок музичар во бендот „Визија“, кој на
социјалната мрежа Instagram често објавува видео и фото материјали за скриените
убавини на Македонија.
Него можете да го најдете како:
Како ја доби идејата за патување низ Македонија?
Јас сум вљубеник во патувањата, низ годините тоа се претвори во
страст да се отиде во места кои не сум ги посетил при тоа да ја истражам нашата
земја и да откријам непознати предели, краишта, места кои пленат со убавина, а
некои од нив се целосно непознати за голем број луѓе. Пред неколку години
доживеав убаво искуство со триесет дневно патување низ Европа, со ранец и билет
за железница. Посетив десетина држави и двојно повеќе градови. Но, кога се
вратив дома се запрашав себе си: Зошто толку копнееме да го запознаеме светот
кога сè уште недоволно си ја познаваме нашата држава? Си ветив дека ќе почнам
да ја истражувам Македонија многу повеќе отколку дотогаш. И, не згрешив, тоа
што го поседуваме не само што е за нас лесно достапно, со кусите релации како и
евтино за џебот, туку и крие така ретки, специфични и вредни, уникатни природни
и културни убавини, за какви што генерално владее мислењето дека постојат само
во некои егзотични краишта на светот.

Што те прашуваат најчесто твоите следбеници?
Особено ми е драго кога моите објави на социјалните мрежи ќе
охрабрат некого и тој да почне да патува за да ја запознае Македонија.
Многумина од луѓето токму преку искуствата, фотографиите или видеата кои ги
среќаваат на социјалните мрежи сфаќаат дека Македонија не е само Скопје или
Охрид. Ме радуваат пораките што ги добивам, а кои велат дека моите објави за
некого претставувале инспирација да го направи истото и да тргне да ја
истражува оваа прекрасна земја...
Чести се и пораките од моите следбеници кои бараат предлози каде
да го поминат викендот, па дури и годишниот одмор. Прашуваат, исто така, дали
местата кои сум ги посетил се лесно достапни, дали е потребна добра физичка
подготвеност и разни други совети. И навистина е убаво што луѓето сè повеќе и
повеќе се интересираат и сè повеќе и повеќе решаваат да патуваат низ
Македонија, па така и јас уживам гледајќи го мојот Instagram Feed, кој е сè
повеќе и повеќе исполнет со фотографии од различни краишта низ Македонија.

Какви места најчесто посетуваш?
Генерално, настојувам тоа да не бидат веќе познатите или
најпопуларните туристички дестинации. Ме инспирираат оние недоволно истражени
мали селца со зачувана стара архитектура на непознати неимари, некои од нив
напуштени или во кои останале едно - две семејства или пак само стари луѓе,
како и планински предели кои не се многу познати. Неретко користам една
стратегија која ми го буди авантуристичкиот дух - пред да тргнеме на пат, на
мапа, по случаен избор одбираме место за кое не знаеме што крие и без никакви
посебни очекувања тргнуваме и истражуваме. Најчесто, токму вака избраните
дестинации се покажале како многу возбудливи тури. А, бабичките и дедовците во
тие, најчесто мали селца, се многу среќни кога ќе видат дека некој конечно
пристигнал да го посетил селото. Нивната гостопримливост и приказните кои ќе ти
ги раскажат ти го прават целото доживување многу поубаво.

ПРОДОЛЖЕТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ИНТЕРВЈУТО СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола
Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.
Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!
Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.
Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат
Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.
Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија
Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.
Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?
Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.
НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk
Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.