19.10.2023
Се викам Елена и изработувам минијатури од полимерна глина
Се викам Елена и изработувам минијатури од полимерна глина
Во Македонија има доста луѓе кои имаат необично хоби или занает. Ние во Кајак.мк имаме мисија да ви ги споделиме сите нивни приказни, да ве запознаеме со луѓето и секако да им дадеме поддршка во нивното работење. Денеска ве водиме во село Шлегово, каде живее и твори Елена. Таа стапи во контакт со тимот на Кајак.мк за да ја сподели својата приказна поврзана со рачната изработка на минијатури од полимерна глина.

Елена ни раскажува како уште на самите почетоци се запознала со полимерната глина и нејзините бесконечни можности. Започнала да изработува парчиња накит, бележници за книги, декорирала шолји за чај и друго.

Елена вели дека за минијатурите се заинтересирала откако на интернет прочитала информација дека постојат луѓе кои се занимават со ова дејност и била воодушевена од умешноста и креативноста со која луѓето изработувале куќички за кукли, диорами и други предмети. Токму ваквите приказни и даваат волја на Елена да отпочне со вакви изработки.

Денеска таа е сконцентрирана на минијатурите со тематика од нејзиното детство, селскиот живот, домот на нејзината баба и дедо и македонските етно елементи. На самите фотографии ќе забележите минијатури со налик на стари садови, стари куќи, столчиња и храна.
За изработка на минијатурите се користи полимерна глина, дрво, лесонит, платно, метални и пластични делови, конец, картон и слично. Се користат претежно рециклирани платната кои се од стари чаршави или облека, картони, како и метални и пластични делови.

Времетраењето на една изработка зависи од предметот што се изработува. Пример за една масичка од 7 сантиметри на Елена и се потребни од 4 до 5 часа. Поголемиот дел од времето се користи за печење на глината, лакирањето и сушењето. Производите се изработуваат по нарачка. Елена вели дека може да се изработат истите предмети кои може да ги видите на фотографиите, но сепак може да се додаде и нешто по желба на клиентот.
Доколку сакате да
ги погледнете изработените предмети и да нарачате некои од нив, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.