09.07.2021

Трчањето на планина го промени мојот живот во целост

Трчањето на планина го промени мојот живот во целост

За нашиот нов локален херој Христијан Насевски од Прилеп кој има само 25 години, Македонија е идеална земја за развој на активниот туризам и спортувањето во природа. Ниски и високи планини, шуми, рамници, снег и сонце.

Тој ни раскажува дека многу од странските туристи и негови пријатели кои ги посетуваат outdoor настаните во Македонија или пак се натпреваруваат на планинските трки имаат доста позитивни импресии од рејлефот на земјата.


Христијан е млад и активен спортист кој се занимава со планинско трчање, независно од годишното време. Негова пасија му е ориентацијата- трчање во планина или урбана средина со мапа и компас каде што целта е да се пронајдат контролните точки на терен според распоред нацртан на мапата.

Љубовта кон спортувањето во природата и активниот туризам ја стекнува уште како мал кога на свои 7 години имал прекумерента тежина, против која решил  да војува користејќи го фудбалот.


Со тек на време Кристијан се заљубува во трчањето на планина. Првата планинска трка ја реализира во 2015-та година на Селечка планина која заедно со својот другар Антонио, успешно ги финишираат 17-те километри со повеќе од 1000 метри позитивна денивелација.

Во 2018-та година ги запознава луѓето од Ориентационит клуб Златоврв од Прилеп со кои денес е заедно и заедно тренираат. Со тек на време, неговиот физички изглед и кондиција се подобруваат, а тоа му овозможува да се натпреварува на едно повисоко ниво, рамо до рамо со најдобрите планински тркачи од Макеоднија.


Голема мотивација и поттик добива од неговиот другар и тренер, Michael Van Baelen од Белгија, кој во моментот живее во Македонија и е дел од клубот „Златоврв“.


За Кристијан омилена планина ќе остане Селечката планина, бидејќи како што вели, на неа пораснал и на неа одвојува најголемо време за своите тренинзи. Но вели дека било кое место во природа, надвор од дома или градска средина е одлично место за спортување. Планини, шуми, реки и езера, а за него добра алтернатива се и градските паркови.


Кога станува збор за дестинации идеални за планинарење или планинско трчање на неговата листа се наоѓаат Солунска Глава на Јакупица, Пелистер на Баба Планина, Попова Шапка, Маврово и Кораб. Додава дека не е потребно да се биде професионален тркач за да се практикува спорот. Според него, секој може да најде 20 минути од денот за физичка активност. Тренингот и спортувањето не се само професија, тоа е забава, дружење и живот со стил. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.