22.06.2023

Предлог викенд гасто дестинација: Етно ресторан Куклица

Предлог викенд гасто дестинација: Етно ресторан Куклица

Вистинските гурмани кои ја следат платформата на Кајак.мк и кои се во постојано исчекување на нови гасто дестинции, денеска ги запознаваме со уште една прекрасна дестинација која може да се посети за време на викендите или пак во работните денови кога нема многу гужва.

Станува збор за етно ресторанот „Куклица“ којшто се наоѓа во прекрасното село Куклица, а кое селце пак, има доста уникатна приказна и заслужува да го посетите.


Овој национален ресторан нуди разни локални специјалитети, а дел од нив кои ние ви ги препорачуваме да ги вкусите се: Кукличка плескавица, куклички колбас, кукличка тава, вртена баница, мантии и качамак со сланина, а превкусно е и домашното лепче до ржано брашно кое се пече во фурна.

Ресторанот се наоѓа на 8 километри од градот Кратово, во прекрасна природа и во близина на Крива Река.


Идеалната клима им овозможува на домаќините да произведуваат домашни краставици, домати, тикви, пиперки, марула, компир од кои подготвуваат разни салати за своите гости.

Точната локација на ресторанот, како и контакт телефон за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.