09.02.2021

Ја промовираме убавината на Македонија преку организирање трки

Ја промовираме убавината на Македонија преку организирање трки

Кој би рекол дека во време на пандемија нема убави настани во Македонија? Ве запознаваме со Дејан Крле кој е дел од организацијата на „Vodno-Matka Trail Marathon 2021“. Овој целодневен настан во природа ќе се оддржи на 27-ми март, а е составен од две трки. Едната е планински маратон од 42 километри и треил трка од 26 километри по падините на Водно и низ Кањонот Матка.


Она што нам, како тим кој се бави со туризмот не особено драго е фактот дека и двете трки поминуваат ни прекрасни предели од државата, каде покрај натпреватувањето, учесниците ќе може да уживаат во она што им го нуди природата.

Дејан вели дека трките поминуваат низ најубавите предели на Водно, планина која нуди прекрасни места за набљудување на Скопската котлина и планините кои ја опкружуваат како: Скопска Црна Гора, Жеден, Караџица, Јакупица, Китка, а во далечината и живописниот шарпланински масив.


Покрај Водно, трката поминува и покрај реката Треска и Кањонот Матка. Чувството е уникатно кога се се трча покрај природна архитектура која е надополнета со мистичните манастири и цркви и споменици од византискиот период.

Скоро секој година има повеќе од 300 унесници од Македонија кои се пред се љубители на природата. Околу 24 отсто се млади лица на возраст до 29 проценти.


Има и многу странски туристи. Скоро 120 тркачи и уште стотина нивни придружници се дел од настанот. Странците овде остануваат и по повеќе денови. Најчесто престигнуваат два дена пред насанот, ноќеваат и остваруваат туристички прошетки, се со цел да го запознаат регионот каде што ќе се натпреваруваат одблиску.

Дејан ни испрати и листа препролна со позитивни рецензии од странските учесници, многумина од нив доаѓаат од соседните земји, а велат дека ќе се вратат повторно на трката.

Планинското трчање е најбрзо растечкиот спорт во природа во светски рамки. Во 2019 низ светот имаше илјадници организирани трки кои се случуваат во национални паркови, заштитени подрачја и природни резервати.

Меѓудругото, тие придонесуваат значајно да се зголеми економската добивка од вон-сезонски авантуристички туризам во планинските региони и местата со значајно културно наследство.

Планинските трки ги охрабруваат младите да развијат здрав и активен животен стил и промовира палета на можности за разни спортски активности и посета на места од интерес околу градот Скопје и Кањонот Матка. Долгорочната визија на ТРЕКС во следните 5-10 години е да го достигне својот целосен потенцијал и да понуди 5 настани со 15 планински трки со различна должина и тоа од 20 км, 40 км, 60 км, 80 км, 100 км и 170 км на повеќе од 3000 натпреварувачи, како и да постане дел од престижните Ultra-Trail® World Tour настани.

Дејан вели дека сите трки вклучувајќи ја и Водно-Матка се креирани се со цел да ги задоволат потребите на љубителите на природата.

Повеќе информации за учество на трката можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.