31.05.2022
Даваме поддршка на локалните занаетчии преку секој тим-билдинг
Даваме поддршка на локалните занаетчии преку секој тим-билдинг
Тимот на Кајак е сведок за одличната колегијална синергија која ја имаат вработените на Avicenna4IT, компанија која изминатиот викенд беше дел од нашите друштвени тим-билдинг патувања.
Среќни сме што уште една компанија веќе е дел од еко фамилијата на Кајак, а која преку тоа што ни се препушти во наша организација на целодневното патување, донираше нови 300 дрвца за пошумување во есенската сеидба. Што значи дека со нив ќе имаме прилика да се дружиме повторно на есен.

Покрај фактот што компанијата донираше средства за пошумување, воедно даде топла поддршка на нашите локални херои за кои умееме да кажеме дека прават мали нешта од огромно значење за равојот на туризмот.
Нашето прво застанување беше во Кавадарци, каде го посетивме атељето Зингибер, за нивната работа и за прекрасната фамилија Милеви имаме пишувано во нашата рубрика „Наши приказни“ која можете да ја прочитате еден клик ОВДЕ.

Ваквите посети на локалните занаетчии претставуваат добитни комбинации како за компаниите, така и за развојот на локалното занаетчиство.
Вработените на Avicenna4IT имаа можност да ја слушнат приказната за развојот на резбарството кај оваа семејство, да погледнат како се резбари и да ги пробаат основните чекори на резбарството.

Ручекот ни го подготви тетка Мина, домашна храна, подготвена со многу љубов.
Втората попатна станица ни беше винаријата „Квин Марија“ во Демир Капија, каде имавме можност да се запознаеме со приказната на винаријата, да ги посетиме едни од најстарите буриња во Македонија и да дегустираме разни вина произведени под кровот на винаријата.

Ние сме среќни што успеавме да испишеме уште една позитивна приказна, за која се надеваме дека ќе биде репер на многу компании.
Avicenna4IT, добредојдовте
во нашето еко-семејство. Повеќе фотографии можете да погледнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.