06.02.2021

Организираме тури со крпљи на кои секој може да ужива во убавините на Маврово

Организираме тури со крпљи на кои секој може да ужива во убавините на Маврово

Запознајте ги одблиску сопствениците на планинската куќа „Царевец“ која е стационирана во мавровската дивина кои создаваат нови авантури кои привлекуваат туристи.

Во кошницата од авантуристички понуди се наоѓаат и турите со крпљи. За поголемиот дел од туристите ова е нешто непознато, па затоа разговаравме со Владимир Горѓиовски, сопственик на домот, да ни раскаже повеќе за ова. 


Kрпљите се додаток на обувките кои служат за одење по снегот. Тие функционираат со распределба на телесната маса на лицето кое ги носи така што стапалата не пропаѓаат потполно во снегот.

Традиционалните, старински крпљи имаат рамка од тврдо дрво врзувано со сува кожа. Некои модерни крпљи се слични но повеќето се направени до материјали како лесни метали, пластика и синтетички платна.


Покрај распределувањето на тежината, крпљите најчесто се поткренати на предниот дел за полесно маневрирање. На крпљите не смее да се натоложува снег, затоа имаат мрежаста конструкција која дозволува снегот да помине преку нив. На сличен начин како кај сноубордот, тие имаат везови кои се адаптираат на планинарските чизми.

Како и да е, крпљите денеска начесто се користат за рекреација на туристите, туристите кои обожаваат да пешачат по македонски природни убавини и да дишат чист воздух.

Владимир вели дека ова е одлична можност за сите оние кои сакаат да го истражат „Националниот Парк- Маврово“ во зима и да посетат одредени места кои им се тешко достапни без дрезги.

Ваквата туристичка атракција е особено примамлива за туристите кои имаат намера да излезат од својот комфорт и да се одлучат за прошетка низ шумите на паркот на еден поразличен начин.


На турите низ Маврово може да се приклучат сите оние кои имале претходно планинарско искуство и поседуваат соодветна облека за планинарски прошетки во зимски услови. Оние пак кои досега немале планинарско искуство, Владимир вели дека може да учестуваат на лесни и кратки тури преку кои ќе се запознаат со тоа каква облека е потребна, како изгледа една тура и дали се подговтвени за поголем чекор.

Тој се надева дека ваквите атракции кои се се уште нови на туристичкиот пазар во Македонија ќе привлечат многу туристи заинтересирани да го истражат националниот парк.

Владимир додава дека одлична тура која исто така не е многу напорна е од нивниот планински дом „Царевец“ до истоимениот врв кој е на височина од 1810 метри надморска височина. Турата е доста лесна, трае околу четири часа, а се поминува низ прекрасни предели, вклучувајќи делови со букова шума, домот на балканскиот рис, па се до извонреден видиковец со поглед кон целото мавровско езеро.


Областа Царевец е место кое некој средновековен владетел го користел за одмор. Тоа воедно е и причината за потеклото на името. Легендата вели дека некој цар изградил чешма- која денеска е позната како Царева Чешма и своја куќичка за никој да не го вознемирува. Па и оттука за ова место се вели дека е одлично за одмор и релаксација.

Владимир додава дека ваквите тури се идеални за секој. Предноста е што туристите ќе бидат физички активни, а од друга страна финансиски може секој да си ги дозволи.

Во минатото крпљите биле неопходна алатка за трговците, ловците на животни со стапици и сите оние чијшто живот зависел од способноста да се движат во области недостапни за моторни возила каде снегот е длабок. Сега тие служат како туристичка атракција. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.