03.02.2021

Со нашето комбе истражуваме нови дестинации!

Со нашето комбе истражуваме нови дестинации!

Февруари ни го појачува сонцето за неколку степени, денот ни го зголемува за неколку минути, а желбата за лето кај дел од нас за 100 проценти. Но нашиот тим отсекогаш настојувал да ви докаже дека не треба да го чекате летото за да патувате, бидејќи ако навистина го сакате патувањето, тогаш имате на располагање 365 дена од годината за да уживате во тоа што сте.

Доказ дека не треба да се чека летото за да се патува е проектот @adventure.trip.bus, млади луѓе кои си своето комби поминуваат километри уживајќи на места каде има недопрена природа.

Нивните авантури започнуваат во 2016-тата година, кога со автомобил Yugo 45 кој за нив било нереално дека ќе ги однесе до прва патарина без да се расипе, услеало да ги одведе пред катедралата Duomo di Милано во Италија. Тогашното патување го реализираат низ неколку Европски метрополи и го завршуваат во Унгарија, на фестивал за арт и уметност. 

На фестивалот остануваат неколку дена, само со вреќа за спиење и Јигото како апартман за сместување. Оттука доаѓа идејата дека на нив им е потребно комбе кое ќе им служи како превозно средство и како живеалиште за време на патувањата.

По враќањето во Македонија започнуваат да истражуваат и разгледуваат комбиња, за на крај да се одлучат за WV T3 кое претходно служело како комбе за превоз на ученици до руралните средини.

Потребно било половина година за да го реставрираат и да го прилагодат како дом со мини-кујна, дневна соба во возење која се претвора во спална соба за спиење. Денешниот изглед на авантуристички Trip Bus за сите годишни времиња е осмислен и нацртан со идеја да се прикаже дека за патување не треба да чекаме да се стопли времето и со желба за авантури можеме да патуваме и кога врне и кога вее.

Едната страна на комбето е нацртана и обоена со мотиви од зима, скијачи и параглејдерист. Другата страна е лето, плажа со сурфери и пливачи. Илустрацијата е уникатна и единствена. Не станува збор за фотографија од некој патопис туку сопствена замисла и поставена цел да на секое патување откриваат нови дестинации кои не се доволно истражени.

Патувањето со Adventure Trip Bus не е само возење по мапа. Нивните патувања се спонтани, понекогаш траат и многу повеќе од планираната викенд-тура затоа што се случува попатно да наидат на поинтересна локација за кампување од испланираната. 

Од досегашните авантури може да се пофалат дека ги имаат посетено Балтичките држави како Естонија, Летонија, Литванија,  потоа Швајцарија, Унгарија, Словенија, Полска. Исто така имаат реализирано неколку месечно патување низ Италија, Сицилија и Малта, Франција, Турција, Грција, Босна и Херцеговина и други.

Тие додаваа дека на границата со Србија, полициските службеници започнале да ги прашуваат која им е нивната следна дестинација и се обидувале да им ја погодат.

Се надеваат дека во 2021-ва, границите ќе бидат отворени и ќе може да ги посетат Шпанија, Мароко и да кампуваат во пустина во нивниот апартман од милион ѕвезди.

До отварањето на границите, останува да ја истражуваат Македонија и да уживаат во омилените места како Козјак, Маврово, Охрид и Галичица, Преспа, како и нетолку познатите село Белица во Македонски Брод, Зовиќ во Мариово, врвот Рамно на Скопска Црна Гора, реката Бабуна со планинарење на нејзините извори. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.