15.02.2021
Од мал со љубов кон лозјата, а денес сопственик на семејна винарија
Од мал со љубов кон лозјата, а денес сопственик на семејна винарија
Македонските лозари од 14-ти февруари официјално ја започнуваат работата на лозовите насади. На овој ден се слави православниот празник „Св. Трифун“ денот кога сите лозари ги посетуваат своите лозови насади, читаат молитва, ги закројуваат првите лозници и со полевање на вино врз закројуваните лозници го означуваат почетокот на новата берба, а со тоа и стартот на активностите во лозарството.

Во Македонија се
верува дека ваквиот религиозен акт ќе донесе повеќе род и поквалитетно грозје,
а од друга страна пак, лозарите на овој начин ја почитуваат својата традиција.
Лозарството и винарството се втора доходовна земјоделска гранка во
Македонија. Оттука македонските лозари водат грижа да
бидат рамо до рамо со светските производители и да применуваат софистицирани
начини на одгледување на лозјето. 
Нашиот тим ве
запознава со Блаже Миневски, млад винар кој уште од мали нозе учи за
лозарството, а денеска има своја винарија. Блаже започнува како ученик на
својот дедо и од сопствените ниви, а продолжува како сопственик на винаријата
„Бади“ која е сместена во Кавадарци. Овој град е во срцето на Тиквешкиот
регион- најголемиот винарски и лозарски регион во Македонија и во цела
Југоисточна Европа. 
Миневски вели
дека традицијата и обичаите ги почитуваат сите во регионот. Традицијата налага сите фамилии да имаат лозови насади и да
произведуваат грозје и вино за сопствени потреби и дел да го продаваат на
големите винарии.
Работата на нива
ја учи од сопствениот дедо и татко уште од многу мал. Вели дека уште во своите
средношколски денови знае што сака да работи во животот, а кога веќе е едуциран
отвара своја винарија и ги продолжува традиционалните и семејни вредности. 
Тој заедно со
неговата фамилија се решава да оди една скала погоре и да започне да
произведува вино, вињак и производи од грозје како што е надалеку прочуениот
тиквешки маџун кој се смета за природен лек и засладувач од непрскано грозје,
без додадени конзерванси, адитиви и шеќери.
За него виното
како што тој знае да го нарече „Пијалок на боговите“ отсекогаш ќе остане нешто
на кое ќе се фокусира целиот живот за да постигне што е можно подобар квалитет
и постојано да се надминува себеси. 
Тиквешкиот регион
во Македонија има огромен потенцијал како вински регион. Лозницата како едно од
најиздржливите растенија овде ги има во изобилие, па затоа и самиот регион е
еден од најуспешните на Балканот.
Миневски додава
дека странските туристи се негови редовни посетители. Тие се многу љубопитни и
се интересираат за лозарството во Тиквешкиот регион. Тие се фасцинирани од
убавините на нашето поднебје, посетата на лозјата, кампувањето на лозовите
насади, пикник дегустациите на самите лозја и уживањето во самата природа. 
За него најважно
до се е да се развива руралниот, етно и вински туризам, градење на капацитети,
замоци и хотели на самите лозови насади, каде гостите ќе може да уживаат во
недопрената природа.
Бутик винаријата Бади располага со сала за дегустација
со капацитет од 20 гости (по Ковид протокол до 8 гости), нуди пакети за дегустација
и впарувања со храна и вино со сомелиер, пикник дегустации на лозовите насади и
комбинирани настани во природа. Повеќе информации за винаријата можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.