21.08.2020
Вака се прикажуваат убавините на Кожуф: Sab Brothers со одличен видеозапис и песна
Вака се прикажуваат убавините на Кожуф: Sab Brothers со одличен видеозапис и песна
Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви од Богданци како ,,Sap Brothers“ го промовираа својот прв сингл насловен ,,Љубов си ти’’ за кој видеото го изработија со Ѓорги Вацев од Гевгелија за кого Бранко ќе каже и тој е ,,Sap Brothers“ а главен протагонист е Арон кучето. Авторска песна за која музиката текстот и аранжманот е на браќата Сапламаеви кои со Вацев го осмислија и видео спотот кој го реализираа на Кожуф.
Тие веќе долго време ја живеат музиката одделно како браќа, но и идејата заедно да се на сцена постои одамна.
И двајцата се дипломирани музичари и настапуват со разни, посебни состави кои одамна се дел од квалитетната македонска музичка сцена. Како што велат тие, сакале и нивната музика да добие шанса.

Kajak: Од каде идејата за ваква песна?
Арон. Тој е идеата, инспирацијата. Живеењето со него едноставно нѐ натера да сфатиме дека ТОА е всушност ТОЈ (има свој карактер и став), како и сите други миленичиња. Арон е многу повеќе од обично домашно милениче и постои за да нѐ направи среќни. Го можеме и ние тоа за него.
Kajak: Локацијата ви е доста добра. Зошто одбравте вакво место?
Баравме соодветно место со нашиот Гуру (Ѓорги Вацев) кај што заедно со Арон ќе уживаме во снимањето, а тој ќе трча во среќа до бесконечност. Пa, каде ако не на Кожуф? Целото видео е снимено на врвот на планината и слободно можеме да кажеме дека таа со својата убавина е нашиот најголем спонзор. Научивме да ја почитуваме.

Kajak: Која порака сакате да ја испратитe?
Нашата музика, како и целот проект, има за цел да предизвика чувство кај публиката различно од моменталното, на начин што хуморот и музиката ќе делуваат заедно. Пораката е дека среќата е во малите работи и тука до нас.
Kajak: Какви се реакциите од публиката?
Сѐ уште пристигнуваат реакции. Досега добиваме позитивен feedback. Иако не би биле разочарани и доколку некој мисли различно или спротивно. Така знаеме дека сме реални и секогаш отворени за критики. Изненадени сме колку бргу сѐ се случува.
Kajak: Дали можеби во иднина можеме да очекуваме нешто ново на вакви скромни локации?
Имаме доста идеи и планови. Во следното видео можеби не, но секако дека ќе ги искористиме убавините на природата. Таа е извор на енергија која не бара ништо за возврат.
ВИДЕОЗАПИСОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.