26.12.2022

Последниот тим билдинг во Берово за 2022

Последниот тим билдинг во Берово за 2022

Тимот на Кајак.мк е среќен што во 2022-ра година запозна многу луѓе, раскажа многу приказни и им даде поддршка на многу локалци за кои ние велиме дека прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот.

Оние компании кои ни ја сфатија пораката и одлучија дека соработката со „Кајак Агенција“ како организатор на настани не е само обичен провод, туку е поддршка на локалците кои вредат, се дел од нашиот свет и нашето еко-семејство кое постојано расте.


Компаниите кои одлучија да се препуштат во наши раце, имаат посебно значење за нас. Не само заради довербата, туку и поради фактот дека нивниот буџет наменет за тим-билдинг заврши во рацете на многу локални чинители, млади и талентирани луѓе, луѓе кои заслужуваат поддршка. Ваквиот факт го гради „Кајак.мк“ како еден поинаков свет во кој на секој поединец му се подава рака.


Среќни сме што вака ја заокружуваме годината. Среќни сме што во 2022-ра успеавме да изградиме градски парк во вредност од 60.000 денари, да им дадеме поддршка на многу локалци, да поддржиме мали бизниси и да ја рашириме нашата приказна до многу компании кои одлучија да соработуваат со нас.

Последната во низа организации за 2022-ра година која застана рамо до рамо со „Кајак.мк“ е „СОС ДЕТСКО СЕЛО“. Со дел од вработените од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село, имавме можност да се запознаеме и другаруваме во Берово. Сончев декемвриски тим билдинг, исполнет со многу корисни информации и активности.


Хотелот во кој одлучивме да престојуваме со групата беше хотел Манастир, од причини што активностите кои ги организира менаџментот на хотелот и заложобата која ја има во развојот на руралниот и активниот туризам и поддршката која ја нуди на локалното население, нам ни е во главен фокус. Домаќинката Дина се погрижи да се чувствуваме пријатно, да го вкусиме регионот на Берово преку добрата храна и секако да ги реализираме нашите активности во хотелот без никаков проблем.


Ако има нешто за кое Кајак.мк е особено горд во 2022-ра година, тоа се нашите авторски настани именувани како „Art & Wine“ кои ги организираме заедно со младиот и талентиран уметник Бојан.


Среќни сме што Бојан е веќе дел од светот на Кајак.мк, а како организатори со задволство ви го препорачуваме како соработник на ваши настани, без разлика дали тие би се организирале преку Кајак или вие би ги организирале приватно. Како млад и амбициозен тим, ја сфаќаме тежината на поддршката која секоја компанија може да ја инвестира во младите луѓе во Македонија. Затоа чувствувајте се слободни да побарате контак од Бојан преку нас.


Со Вработените од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село, имавме одлична и пријатна седенка, која резултираше со прекрасно насликани керамички саксии кои завршија во просториите на организацијата. Ова е доказ дека секое патување може да биде доста продуктивно.


Вториот ден од патувањето беше резервирано за посета на село Будинарци. Можеби за вас е непознато селце во Малешевијата, но за нас е приоритетна дестинација на која треба да и се стави акцент. Во село Будинарци живее Ирена, која е доста амбициозна личност што секоја година произведува домашни производи од локални малешевски растенија.


На Ирена досега сме и дале поддршка преку наши пишани текстови, но со овој тим-билдинг и дадовме дирекната поддршка. Декемвриското топло сонце ни овозможи да уживаме во дворот на работилница на Ирена, која куќа ја купила пред само неколку месеци и токму овде инвестира во својот мал бизнис. Таа не пречека со топла насмевка, богата трпеза со многу локални продукти кои за наша среќа имавме доволно место да пробаме од секое од нив. Од домашни сирупи од локални билки и растенија, до мармалади од шумски плодови, локално домашно беровско сирење и мед.


Ирена ќе биде дел од нашите агенди кои ќе ги развиваме во Берово, бидејќи е мал и локален бизнис кој заслужува поддршка. Берово во иднина ќе биде една од нашите приоритетни дестинации за тим-билдинг бидејќи воздухот, околината, луѓето и храната- живот значат.

Ви благодариме „СОС ДЕТСКО СЕЛО“ што ни ја додадовте довербата, отсега сте дел од нашата еко-фамилија.

Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Зимскиот крај на сезона: 5 незаборавни викенд идеи за март низ Македонија

Планирате викенд во март? Откријте идеи за кратки патувања низ Македонија, уживајте во природа, локални вкусови и автентични места, и резервирајте лесно преку Kajak.mk.

Идеи за викенд патување во Македонија: Откријте уникатни сместувања и резервирајте преку Kajak.mk

Барате идеја за викенд во Македонија? На Kajak.mk откријте уникатни сместувања, планински вили, куќи во природа и апартмани покрај езеро. Резервирајте го вашиот следен викенд одмор лесно и брзо.

5 скриени села во Македонија каде времето застанало

Откријте 5 скриени села во Македонија каде времето застанало. Вруток, Јанче, Лазарополе, Зрзе и Богомила нудат мир, автентична атмосфера и неверојатна природна убавина – идеално за викенд одмор.

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

Семејство од Берово со години создава природни „лекови“ од даровите на Малешевијата

7 магични полиња и насади во Македонија кои изгледаат како разгледница

Откријте 7 магични полиња и насади во Македонија – од праски во Росоман до лозја во Тиквешија. Совршени сцени за фотографии, прошетки и незаборавни моменти во природа.

10 скриени места во Македонија што вреди да ги посетите

Откријте 10 скриени и необични места во Македонија – пештери, водопади, етнолошки музеи и археолошки локалитети што малкумина ги посетуваат. Идеално за авантуристи и љубители на природата.