03.06.2025
Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!
Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!
Веќе четврта година по ред, компанијата Aristocrat Interactive ја продолжува својата зелена мисија – пошумување на различни локации низ Македонија. Од селото Пчиња, преку регионот на Свети Николе и Демир Капија, оваа година еко Аристократ караванот за пошумување стигна во Неготино.

Иако мај ни приреди вистински предизвик со дожд, студ и невреме, ова посветена екипа од над 100 вработени докажа дека кога има волја – има и начин. На 16-ти мај, на само 8 степени и со постојан дожд, заедно засадија над 200 брзорастечки борчиња и три јапонски цреши во паркот именуван по Тоше Проески – симболично, трајно и со љубов.

Како прва компанија која започна со етно-рурални тим билдинг настани, Аристократ не само што сади дрвја, туку гради и заедништво, почит кон локалната традиција и инспирација за нови генерации. Овојпат подадоа рака и на локалните жени занаетчии од Неготино, кои ја пренесоа својата уметност на ткаење и везење преку интерактивна сесија – можеби токму тука се роди некое ново хоби кај ИТ програмерите?

Со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура. Посебна благодарност до Општина Неготино за поддршката и топлиот прием.

Благодарност до Aristocrat Interactive што продолжуваат да садат добрини.😊
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.