21.05.2021
Грнчарството ни е љубов и извор на егзистенција
Грнчарството ни е љубов и извор на егзистенција
Некои луѓе седат
и молат за помош, а некои пак и покрај големиот пад, силно застануваат на двете
нозе и велат „Да јас можам и сам да успеам“.
За луѓето од втората категорија тимот на Кајак.мк има посебна листа која ја нарекула „локални херои кои туризам значат“, а која листа денеска ја надополнуваме со Стојан Милановски, човекот кој потекнува од село Вранештица, Кичевско, а кој уште на свои 13 години започнал да го изучува грнчарството.

Денес, со овој
занает Стојан има израснато две ќерки и е горд на тоа што успеал да се избори и
опстане создавајќи ремек дела.
За неговата
приказна, разговараме со Анѓелина Милановска Запатоска, една од ќерките на
Стојан. Таа ни раскажува дека нејзиниот татко овој занает го учи од неговиот
татко, кој подоцна му послужува како начин на егистирање.
За да се осоврши во занаетот, Стојан го одложил средното образование на две години. Подоцна во време на транзицијата на Македонија, тој го губи работното место и активно започнува да се занимава со грнчарството заедно со неговиот татко, се до неговата смрт во 2003-та година.

Анѓелина вели
дека грнчарството е семеен занает и не е возможно човек да го работи сам. Таа и
нејзината сестра израснуваат помагајќи му во работата, а исто така и нивната
мајка.
Во овој занает,
за секој член од семејството има некаква работа, независно од возраста. Бидејќи
како што вели таа, грнчарството не може да трпи одлагање, а работата мора да
тече континуирано.
Физички е доста
напорна работа и бара сила и прецизност. Процесот започнува со копање на
глина, нејзин транспорт до работилницата на грнчарот, покиснување со вода,
газење со нозе за да омекне, мелење во машина со валјаци и месење. Дури тогаш грнчарот може да седне на
грнчарското тркало и да започне да работи.

Многу од грнчарските производи не се изработуваат одеднаш, туку во повеќе наврати, вели Анѓелина. Еден производ за да ја
добие својата конечна форма и изглед може да помине дури низ десет раце. Сончевото време овозможува направените грнчарски производи брзо да
се исушат и да бидат подготвени за цртање и дотерување со керамички бои.
Таа додава дека порано
кога се уште немале свои семејства, на нејзе и на сестрата ова било редовна обврска. Но денеска помагаат кога времето им е во полза.

Кога грнчарот ќе изработи доволен број на производи, истите се глазираат и се
подготвуваат за печење во фурна на дрва. Печењето
трае од 5 до 6 часа и се
достигнува температура од минимум 700 степени целзиусови
„Во минатото кога дедо ми
се занимавал со грнчарство, најмногу се изработувале стомни за чување вода и
бокали за потквасување млеко. Денес тие ја изгубиле својата функција и се
изработуваат само како декор“, вели
Анѓелина.
Во минатото исто така,
грнците најчесто се разменувале за друга стока, на пример жито со селаните од
околните села. Пред Духовден грнчарите
ги посетувале селата во околината на Кичево, Охрид, Струга, Битола, Прилеп за
да ги нудат своите производи кои на Задушница се раздаваат за спас на душите на
покојните.

Оваа традиција денеска во
најголема мера е напуштена, а
земјените садови се заменети со керамички производи, најчесто од кинеско потекло.
Доколку гледаме што има најголема
побарувачка може да се каже дека тоа се садовите за тавче гравче, во сите големини,
грниња за варење на грав и тави за потпекување на храна во рерна или фурна.

Анѓелина вели дека долги
години занаетот им бил
единствениот извор на
егзистенција и сите посветено работеле на нарачките од трговците од Скопје. Со својата напорна работа нивниот
татко, нејзе и на
сестра и им обезбедил можност да студираат, а за ваквата можност, Анѓелина вели дека ќе му
бидат вечно
благодарни. Сестра и денеска е адвокат, а таа училишен психолог.

Нејзиниот
ликовен талент кој низ годините го изразувала на различни начини,
а од пред две години го преточила во изработка на персонализирани висечки орнаменти од глина. За
нивна промоција ја креира фејсбук
страницата ClayArt.
Нарачките веќе започнале да
пристигнуваат на нејзината адреса, а постепоно го шири и асортиманот на разни
изработки од глина. Започнала да дизајнира и украсни саксии, кои заедно со
нејзиниот татко ги обликувала според нејзината замисла.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.