13.02.2023

Предлог викенд дестинација: Раички манастир

Предлог викенд дестинација: Раички манастир

Денеска ве водиме во западниот дел на Македонија, во самата околина на Дебарското езеро, за која се надеваме дека ќе добие се поголем интерес од страна на домашните туристи, пред се поради својата уникатна историја и поради природните ресурси коишто ги нуди самит крај.

За оние кои ја подготвуваат својата листа со пролетни дестинации, можеби треба ја дополнат со посета на Раичкиот манастир кој се наоѓа во дебарското село Рајчица. Овој прекрасен манастир кој нуди извонреден поглед кон езерото е прогласен за споменик на културата на Македонија.


Фото: Andon Taskosjki

Манастирот се наоѓа на само 2 километри од центарот на Дебар и претставува женски манастир кој е метох на Бигорскиот манастир.

За него се претпоставува дека е основан во почетокот на четиринаесетиот век како метох на Бигорскиот манастир, а како прифатена година се смета 1835-та во времето на игуменот на Бигорскиот манастир кога воедно е започната изградбата на манастирските конаци и црквата.


Фото: Andon Taskosjki

Она што е уникатно за манастирот, е реткиот занает на сестринството којшто се практикува и до ден денес. Имено како главно занимање на сестрите се изработките на епископски митри. (Митрата се смета за ангелско божество). Досега имаат изработено над 1600 митри, што претставуваат еден од главните извори на егзистенција во манастирот. Покрај митрите, се изработуваат доста икони, на светогорски темјан.

Селото Рајчица се наоѓа на околу 800 метри надморска височина. Прекрасната зелена шума  во самиот предел ќе бидат уште едно изненадување за сите вас кои не сте го посетиле овој дел на Македонија.


Посетата на Раичкиот манастир можете да ја искомбинирате со посета на термо-минералните бањи во Бањиште, како и посета на селата Долно и Горно Мелничани каде можете да запознаете и слушнете доста интересни локални приказни.

Остави Коментар

Коментари

  • Вера Анастасова

    01.03.2023 15:25

    Бидејќи ми е тргната од профилот вчерашната објава за вашиот предлог за посета на Раичкиот манастир уште еднаш коментирам дека содржината на текстот и објавените фотографии примамува ат многу посетители да бидат ваши гости. Ви посакувам успешна работа.

  • Вера Анастасова

    28.02.2023 10:15

    Со преубави фотографии сте птетставени.

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.