28.08.2023

Дали сте слушнале за меанче во кампче?

Дали сте слушнале за меанче во кампче?

Летните одмори на повеќето од вас кои во моментот го читате четивото поминаа, а сега на ред е да ги искористите слободните викенди со последното топло сонце некаде низ Македонија, некаде каде можеби никогаш не сте биле претходно.

Тимот на Кајак.мк има цел да ви создаде предлог викенд дестинации каде покрај храната во локалните угостителски објекти, вие би го искористиле слободниот ден за активности во природа.


Денеска ве водиме во Лесново, односно во ресторанот „Меанче на Кампче“ кој е нов угостилски објект изграден во близина на Лесновскиот манастир, а за кого гостите пишуваат дека има супер услуга.

Пред самиот ресторан имате паркин простор каде можете да го паркирате вашето возило, а пред да седнете на ручек во ресторанот, тимот на Кајак.мк ве советува да прошетате во околината која нуди доста знаменитости.


Овде е Лесновскиот манастир кој треба задолжително да се посети, а недалеку од манастирот се и лесновските пештери до кои води изградена патека. Самата патека завршува пред пештерната црква „Св. Богородица“, а кога ќе влезете внатре ќе го доживеете реалниот испоснички живот низ богатата историја од XIV векПо завршувањето со турата можете да се вратите во самиот ресторан во кој се служи разна локална традиционална храна и скара.


Од макала, тиквички, риба, готвени јадења во фурна, локални сирења и познатиот локален специјалитет пастрмајка, сето ова можете да го најдете во самиот ресторан. Точната локација, како и телефонски број за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.