26.11.2020

Вила со една од најубавите положби во Македонија достапна за изнајмување

Вила со една од најубавите положби во Македонија достапна за изнајмување

Сигурно повеќе од вас веќе ви е познато селото Јанче. На 27 километри од браната во Маврово, на патот кон Дебар, од левата страна се наоѓа ова село кое е вистинска туристичка атракција за странските туристи поради својата уникатна местоположба. Сместено во ридско-планински предел, во подножјето на убавата Бистра, Јанче се наоѓа на надморска висина од 760 метри.


Јанче е една од најстарите населби во мијачкиот регион од пред повеќе од пет века во долнореканскиот крај, која се споменува уште во документацијата на архивот на Истанбул. Според легендата, првиот жител на селото бил човек со име Јане, по кого се сметало дека селото го добило името.

Доколку го престојувате во ова село ние ви предлагаме да ги посетите: 
Водопадите ДУФ, во непосредна близина на село Ростуше, селото Галичник по патека Скала, пеш или со коњи, манастирот Св. Јован Бигорски, езерото Локув за кое пишувавме неодамна како и мостот Елен скок на Тресонечка река.

Доколку сакате да престојувате во македонски алпски пејзаж со чист воздух, чудесна архитектура, ние ви ја претставуваме вилата Панорама која ја има една од најизвонредните локации во Македонија. Со поглед од милион долари, изолирана во тивка област и рај за луѓето кои сакаат комбинација од модерно и планина.

Вилата „
B&B PANORAMA“ е во селото Јанче и нуди ресторан, бар и градина. Сместувањето е на 35 км од Маврово, а гостите имаат сопствен паркинг и бесплатно WiFi.

Доколку сакате да прочитате повеќе информации за вилата, погледнете повеќе фотографии и контакт за резервации кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Elena Jovanovska

    12.04.2025 16:00

    Ova dali e dostapno poveke ni se dpagja za

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.