16.02.2022

Сместување со ентериер во кој секој сака да престојува од денеска на Кајак

Сместување со ентериер во кој секој сака да престојува од денеска на Кајак

Кајак.мк ги цени и почитува домаќините како Кристиан од Крушево кој ги отвори вратите за светот на Кајак.мк и ни сподели милион корисни информации поврзани со историјата на градот и душата на Clarina all Seasons Rooms & Aprtments кои од денеска се дел од нашата база, а кои може да ги резервирате со еден клик ОВДЕ.


Домаќините на Clarina успеале да создадат уникатен ентериер кој на гостите ќе им даде едно поинакво чувство. Објектот е отворен во 2021 година и е доста модерен. Ентериерот е дизајниран да обезбеди топлина во просторот и хармонија. Боите на ѕидовите се во земјени тонови, а внатрешноста на објектот е со мебел изработен од буково дрво кој му дава дополнителна топлината на просторот и ве прави да се чувствувате како дома.


Доколку сте на фамилијарно патување со вашите деца, треба да знаете дека во непосредна близина се наоѓа детски парк каде дечињата може да се забавуваат и да уживаат.

Недалеку од сместувањето е Гумење, Македониум и Крушевското езеро каде гостите може да го искористат слободното време. Во непосредна близина се наоѓа кафеана која служи локални специјалитети и каде може да се ужива во вкусот на традиционалната крушевска кујна.


Clarina all Seasons Rooms & Aprtments се наоѓа на 500 метри од центарот на градот, што значи дека со една кратка прошетка гостите се веќе во срцето на Крушево. Уникатната архитектура гго прави Крушево поразлично од другите градови, град во кој царува мирот и природната убавина.

Тимот на Кајак.мк постојано вели дека Крушево е град кој вреди да го посетите било кој период од годината. Град каде ќе најдете интимност со вашиот партер или партнерка, град во кој ќе го исполните вашето и времето на вашите деца со активности во природа и град во кој ќе уживате во добрата храна.


Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии од внатрешноста на објектот, информации и контакт за резервација тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.