28.02.2021
Планинска вила со базен во Македонија: Опколена со шума
Планинска вила со базен во Македонија: Опколена со шума
Доаѓа пролет, а со тоа и потребата да се размислува на прашањето каде ќе можеме да се разладуваме во текот на сезоната. Тимот на Кајак.мк веќе го покренува ова прашање и започнува со подготовка на новата топла авантуристичка сезона.
Според досегашните барања од патниците, 2021-ва година ќе биде година на приватните патувања, односно луѓето се повеќе ќе бараат интимни места каде ќе може да прошетат со своите најблиски или пак само во пар.
Ние започнавме да се фокусираме на таквите дестинации. Наш фокус се исто така и соседните држави, за каде ќе објавуваме сместувачки објекти во кои ќе може да уживате со парнерката или партнерот, со вашите деца или најблиски.
Во наредните денови додаваме категорија „Препораки од патниците“ каде ќе можете вие дирекно да пишувате совети/предлози/препораки, да прикачувате фотографии и да коментирате за одредени локации. Нашата намера е да пораснеме во најдобра мрежа за патување, па затоа таа мрежа не би била комплетна ако вашите коментари и искуства не се дел од неа. Нели?
Додека биде сето тоа официјално пуштено во употреба, би сакале да ве запознаеме со уште една вила која се наоѓа во село Опеница, а која од денеска е дел од нашата база. За оние кои не слушнале, ова село се наоѓа на 770 метри надморска височина. Идеално за прошетка и мир. Селото е доста атрактивно за велосипедисти и за луѓе кои сакаат пешачење. Недалеку од патото Охрид- Ресен, на 10 километри североисточно од Охрид.
Во ова село се наоѓа вилата Арт Момир, која има сопствен базен и која вила е опколена со шума. Кој не би сакал да ужива во таков спокој?
Повеќе информации за вилата, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ |
Коментари
-
Katarina Bojkovska
12.08.2024 20:33
Koga imate sloboden termin vo Avgust za 4 nokjevanja za 2 vozrasni i 2 deca od 10 i 12 godini
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Предлог есенска дестинација: Планинското одморалиште Михајлово
Планинско одмаралиште Михајлово, Кожуф.

5 совети за патници што планираат патување во Македонија
Планираш патување во Македонија? Откриј 5 практични совети за патници – од традиционална храна и планинарење до автентични места надвор од туристичките рути.

Садиме нови дрвца со секој тим билдинг
Тим билдинг кој ќе се памети! Уникатни моменти, забава и позитивна енергија.
Папрадиште, Велешко – планинско село за мирен одмор и автентично искуство
Откријте го Папрадиште, сместено на Јакупица. Уживајте во планински патеки, традиционална архитектура и мирна природа. Пронајдете идеално сместување преку кајак.мк.

Јабланица – планината што крие езера, врвови и авантура | Совршена викенд дестинација
Откријте ја магијата на Јабланица: планинарење, планински езера и недопрена природа на границата меѓу Македонија и Албанија.

Нешто ново во Македонија: Во Вратница се отвори нова вила за престој
Село Вратница е мало, но полно со автентичност и топлина, каде времето тече побавно и полесно. Вила Вратница идеално место за уживање.